Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 27 Мај 2003  Форум

Форум

Дали можеме самите?
 

Овој месец, на Форумот на „Граѓански свет“ ќе биде поставено едно мошне актуелно прашање, важно за иднината на граѓанското општество во Македонија. Го поставуваме прашањето, насочено пред се’ на членовите на граѓанските здруженија - Дали можеме самите? Односно, дали мо­жеме да опстанеме и без под­дршката на странските донатори, кои се веЌе подолг период нашите главни под­држувачи, а кои веЌе покажуваат тенденции дека се’ помалку Ќе работат во нашиот регион? Дали во изми­нативе години стекнавме знаења и вештини за самоодржливост, за обе­збе­дување финансиски средства, и можеби најважното од се’ - да про­должиме да работиме како акти­висти, на волон­терска и креативна основа?

Ве молиме вашите одговори да ги доставите на Форумот на „Граѓански свет“ на веб-стра­ниците:
www.graganskisvet.org.mk или www.civicworld.org.mk , со вашето полно име и презиме, а доколку сте член на некоја организација, наведете го нејзиното име.

Еве што на оваа тема размислуваат неколку личности кои се претставници или работат со граѓанските орга­низации од Македонија:

Крис Ван де Санден, „Милиеуконтакт Оост-Еуропа“:
Моето генерално мислење по ова прашање е дека перспективата на зами­нување на донаторите од регионот може на крајот да има нешто што ние го викаме “blessing in disguise”. Тоа значи дека и покрај проблемите што тоа би ги довело, на крајот оваа ситуација би претставувала благослов. Мислам дека тоа ќе ги принуди граѓанските здруженија да се концентрираат на при­чините поради кои тие постојат. Убеден сум дека здруженијата кои се вистински убедени и посветени на својата мисија и на својата работа Ќе бидат сe'уште во состојба да привлечат внимание и да обезбедат сe' што им е потребно за нивните активности.

Јасна шоптрајанова - Вртева, „Јунона (младешка женска  сила)“:
При­родно е некои активности да се реализираат без пари. Исто така е природно луѓето кои не можат да донираат пари, да го донираат своето време, зна­ења и таленти. Крајно време е да го воведеме тој концепт на акти­визам и волон­терство (а со подо­бру­ва­ње на општата еко­номска сос­тој­ба, тој треба само да зајакне). Други можности  се создаваат со подготвеноста на минис­тер­ствата (на пример, на она за кул­тура) и на локалната самоу­пра­ва да доверат дел од своите за­да­чи на невладините орга­низации. Можеби бизни­сот ќе покаже поголем интерес, а државата ќе помогне со даноч­ни олеснувања. Некои НВО ќе најдат други извори на само­финансирање или за ди­рек­тен пристап кон меѓу­народни меха­низми. А некои НВО ве­ројатно ќе исчезнат, и тоа ќе е нај­корисната работа што ја напра­виле, зашто од силни патувања во Будимпешта и Стразбур, не стасале да дадат придонес за својата заедница.                                                                 



Во месецот кој следуваше по меѓународниот ден на планетета Земја (22 април), а му претходи на светскиот ден на животната средина (5 јуни), ви го поставивме прашање кое директно се однесува на граѓанската свест за животната средина: дали сте подгот­вени да го селектирате домашниот смет, доколку државата или бизнис-секторот покрене иницијативи за рециклирање на разните видови отпад? Во Скопје сме сведоци на позититивното искуство од селектирањето на хартијата од страна на граѓаните, сто­панските субјекти и различните организации и инсти­туции, кое го иницира АД “Комуна”, која ја собира и рециклира старата хартија. Дали сте подготвени истото да го правите со стаклените и пластичните шишиња, ли­менките, текстилниот отпад, па дури и органските отпадоци, доколку некој се „нафати“ да ги собира од вашите домови или работни места, со цел да го намали отпадот што ја загадува нашата животна средина и корисно да го употреби (реци­клирајќи го) за ново производство? Дали сте подготвени да соработувате, за заедничките интереси - почиста животна средина, помалку ѓубре, а повеќе можности за развој, вра­ботување, поттикнување на производството?

Еве како на оваа тема размислуваат неколку лица активни во невладиниот сектор:

 

Наташа Стојковска, ИТЗ: Да, веднаш! Не само што и самата би го селектирала сиот домашен смет, туку и би поддржала и би помогнала акции во мојата зграда, на пример, или во соседството. Би ги поддржала луѓето на кои им треба повеЌе време да се при­лагодат, би разговарала со нив. Истовремено, би пропагирала и акции за намалување на отпадот воопшто, по примерот на нашите баби и дедовци кои користеле други мате­ријали, а не пластика. Би требало и ние да се вратиме на тој начин, да се реупотребува амбалажата, а не да се фрла постојано. Да се вратиме на начините кои се напуштени, но кои се' уште постојат во нашата меморија.

Жарко Конески, ИТЗ: Јас веќе селектирам два вида отпад дома - хартијата ја издво­јуваме и ја употребуваме повторно, а го селектираме и органскиот отпад, од кој во моето семејство се прави компост. Ако некое претпријатие (или некој друг) пројави ини­цијатива за организирано собирање и прера­ботување на домашниот смет, јас секако дека би ги селектирал и пластиката, стаклото, металот...

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 27 Мај 2003
Број 27 Мај 2003
Настани
Календар
Балкан експрес
Европа
Свет
Публикации
Луѓе
Историја на граѓ. опш.
Тема
Интервју
Погледи
Коментар
Форум
Концепти
Појмовник
Q&A
Претставување
Избор
Број 27 Настани Прославен Националниот ден на Власите
Број 27 Настани Десет “демократски” тетратки
Број 27 Настани Трчачка мировна манифестација
Број 27 Луѓе ДАНИЕЛА СТОЈАНОВА
Број 27 Тема ГраѓАнските ЗдруЖЕнија Пред Нов Предизвик Со ПоддршКа На ДржАвата
Број 27 ИНТЕРВЈУ ФАБРИС ДЕ КЕРХОВ
Број 27 Форум Дали можеме самите?
 

©MCMS - designed by KOMA