|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Европското здружение на студенти по право
Во Македонија се испиша дел од историјата на ЕЛСА
Европското здружение на студенти по право во Македонија – ЕЛСА РМ од 31 јануари до 3 февруари оваа година беше домаќин на 36-от Меѓународен претседателски состанок. Состанокот се одржа во Охрид и на него учествуваа 60 гости од 22 различни земји. „Во своето 10 годишно постоење, ЕЛСА РМ отсекогаш негувала интернационална ориентација во своето работење, но организацијата на настан од вакво значење за нас претставуваше најголем предизвик во досегашното работење”, рече Катерина Тодоровска од ЕЛСА.
ЕЛСА мрежата е најголемата независна мрежа на студенти по право, која брои околу 30.000 студенти на повеќе од 200 европски универзитети, лоцирани во 36 европски земји. Овој состанок е статутарен и на него учествуваа претседателите на ЕЛСА групите. Тие донесоа заклучоци за идните насоки за развој на ЕЛСА мрежата. „Особено сме горди, што во Македонија се испиша дел од историјата на ЕЛСА, бидејќи токму во Охрид, претседателите од 22 различни земји изгласаа дека ЕЛСА треба да се развива како обединет бренд на заеднички вредности како и организација која е првенствено интернационално ориентирана”, додаде Тодоровска. Состанокот е можност за афирмација на една ЕЛСА група, но овој пат стануваше збор и за промоција на Македонија како држава и идна членка на ЕУ.
Настанот беше потпомогнат од Правниот Факултет Јустинијан Први, Агенција за Млади и Спорт и Нотарска Комора на Македонија. ЕЛСА РМ постои и функционира веќе 10 години на Правниот Факултет Јустинијан Први. Повеќе информации за организацијата и за настанот на њњњ.елса-рм.орг.мк и њњњ.елса.орг.
Г.Ј.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|