Појмовник
Соработка – да се делува или да се работи заедно со друг или со други заради постигнување некоја заедничка цел.
Билатерална соработка - соработка во која учествуваат две страни, групи, земји и сл.
Мултилатерална соработка – соработка во која учествуваат повеќе страни, групи, земји и сл.
Развојна соработка (девелопмент цооператион) се однесува на сите форми на “развојна помош“ во која поединци, групи, организации, институции, локални власти и влади од земјите во развој се помогнати од специјализирана организација за да ги зајакнат своите капацитети, да ги решат проблемите, да создадат и да ја подобрат инфраструктурата итн. Развојната соработка може да ги вклучува и владините и невладините организации, да вклучува билатерална и мултилатерална соработка, техничка и финансиска соработка, како и развојна помош обезбедена главно од организации од Северот. Развојната соработка директно или индиректно секогаш е насочена кон луѓето.
|