Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Концепти

   

Буџетот на РМ, буџетскиот процес и учеството на граѓаните

Буџетот слика за приоритетите на Владата

За прашањето на државниот буџет, како област која се однесува на планирањето на приходите и трошоците на јавниот сектор, во Македонија се дискутира единствено во институциите и академските кругови. Јавноста има многу малку познавања од оваа област. Но, како земја со високо ниво на корупција, потребно е да се обезбеди поширока достапност и разбирање на финансиските податоци кои се релевантни и за јавноста. Тоа ќе овозможи повеќе чинители во општеството да влијаат врз одговорно и отчетно раководење на јавните средства. Со намера да даде придонес кон тоа, Граѓански свет во овој и во следните два броја ќе ги презентира основните концепти поврзани со државниот буџет, процесот на неговата подготовка и можноста граѓаните да остварат влијание.

Дефиниција за државниот буџет

Државниот буџет е финансиски план кој ги презентира предвидените приходи и трошоци на владата за годината која следува. Владата ги планира приходите кои се прибираат во текот на годината и начинот на кој треба да бидат собрани тие и ги планира трошоците, односно парите кои ќе бидат потрошени и начинот на кој ќе се трошат тие.

Административната дефиниција дадена во Законот за буџети на Република Македонија (Службен весник бр. 35 од 07.05.2001) вели дека „Буџетот претставува годишен план на функ­циите и обврските на Република Маке­донија, на единиците на локалната самоуправа и на фондовите, а се состои од годишна процена на приходите и трошоците по намени”. Овој закон го дефинира начинот на кој државниот буџет се планира, подготвува, одобрува, спроведува и контролира.

Буџетски дефицит и јавен долг

Кога приходите се еднакви на тро­шоците, буџетот е балансиран. Кога приходите се повискоки од трошоците, во буџетот се јавува суфицит, и об­ратно, кога трошоците се повисоки од приходите, се јавува дефицит. Во случај на дефицит, Владата мора да позајмува или да издава пари.

Јавниот долг се дефинира како аку­мулирани позајмици на државата или вкупни обврски на Владата во даден момент. Јавниот долг може да се кла­сифицира како домашен и странски, во зависност од тоа кои се кредиторите, односно дали тие се наоѓаат во земјата или надвор од неа.

Функција на буџетот

Државниот буџет има три главни функции:

1.   Да ги покаже главните цели на Вла­дата за дадената фискална година;

2.   Да служи како инструмент кој & овозможува на Владата да влијае на економската ситуација во земјата;

3.   Да служи како систем со кој се остварува контрола на прибирањето и трошењето на буџетските сред­ства.

Владата преку својата фискална политика ги дефинира методите и активностите кои ги користи за да ги најде, прибере и ефикасно искористи ресурсите за спроведување на нејзината програма. Фискалната политика е најважниот дел од економската политика, вклучувајќи ги политиките кои обезбедуваат при­бирање на приходите во буџетот, по­литиките за буџетското трошење и администрирање на јавниот долг.

Фискалната политика се користи да се стабилизира економијата кога таа е во опаѓање или има висока инфлација. Кога економијата е во опаѓање, БДП исто така опаѓа, потрошувачите трошат помалку, компаниите не инвестираат и отпуштаат работници. Владата може да го запре овој пад и да ја стимулира економската активност со зголемување на побарувачката преку зголемување на јавната потрошувачка, што води до зголемување на БДП.

Структура на буџетот

Во Македонија државниот буџет има две нивоа: буџет на државата (кој ги вклучува и буџетите на независните фондови) и буџети на единиците на локалната самоуправа. Со цел да се утврдат вкупните приходи и трошоци, овие буџети се сумираат и се презентираат како единствен буџет: државен буџет.

Приходите во буџетот се прибираат главно преку даноци, такси и приходи остварени од јавните претпријатија.

Трошоците во буџетот можат да се класифицираат на повеќе начини: економска, административна и функ­ционална класификација.

Економската класификација е неопходна заради анализа на буџетот и утврдување на улогата на макроекономската и фискалната политика. Главните категории на трошоци се: тековните трошоци, кои вклучуваат краткорочни трошоци за услуги и добра кои се неопходни за спроведување на активностите на владата, и капиталните трошоци, кои подразбираат капитални средства и трансфери.

Административната класификација покажува кој ги троши парите, т.е. трошоците се распоредени според административните единици кои ги користат дадените буџетски средства (пр., Министерство за правда, Минис­терство за здравство итн.).

Функционалната класификација по­кажува зошто се трошат парите: здравство, образование, јавен ред и мир итн. Доколку одредени фондови му се доделени на одредено министерство, не е неопходно да се подразбира дека тие се трошат во секторот којшто го покрива тоа министерство. На пример, трошоци за воена здравствена установа се прикажуваат како трошоци на Министерството за одбрана, но базирајќи се на функционалната класификација, тоа се трошоци за здравство, исто како што трошоците за воената академија се трошоци за образование.

Сунчица Саздовска
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA