|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Повик за предлози
Помош од ЕУ за граѓански организации со примарна активност на полето на заштитата на животната средина
Со повикот за предлози за помош од ЕУ за граѓански организации со примарна активност на полето на заштитата на животната средина се обезбедува финансиска поддршка за активности коишто придонесуваат за развојот и имплементацијата на политиката и законите на ЕУ за животната средина во различни региони на Европа, како и за активности за зајакнување на мали регионални или локални асоцијации коишто работат на примена на “ацљуис цоммунаутаире” во поглед на животната средина и одржливиот развој во нивната локална област.
Поддршката од оваа програма е наменета за приоритетните области од Шестата акциска програма за животна средина (2): ограничување на климатските промени, природа и биолошка разновидност - заштита на единствениот ресурс, здравјето и животната средина, обезбедување одржливо управување со природните ресурси и отпадот. Програмата ќе биде отворена за учество на граѓански организации од Европа со седиште во: земјите-членки на ЕУ, Бугарија, Романија, Турција, Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, а истата е кофинансирачки инструмент. Краен рок за поднесување на предлозите е 3 октомври 2005 година. За повеќе информации, посетете ја страницата: http://europa.eu.int/comm/environment/funding/intro_en.htm
Т.Х.А.
|
Повик за аплицирање
Пракса во Европскиот центар за малцински прашања
Европскиот центар за малцински прашања (ЕЦМИ) од Фленсбург, Германија, прибира апликации за стажанти (практиканти) за различни периоди: од јануари до март (краен рок за аплицирање: 30 септември 2005); од април до јуни (краен рок: 31 јануари 2006); од јули до септември (краен рок: 30 април 2006); од октомври до декември (краен рок: 31 јули 2006). Стажантските позиции не се платени и обично се со времетраење од три месеци. Стажантите ќе бидат лоцирани во седиштето на ЕЦМИ во Фленсбург или во локалните канцеларии во Тблиси, Приштина и Скопје. Избраните кандидати ќе учествуваат во истражувања или во администрација на тековните проекти на ЕЦМИ под раководство на надлежниот истражувач на ЕЦМИ. Во зависност од профилот на кандидатите, тие ќе можат да работат во следните области: акциски проекти, електронски мапи, закони и публикации. Потребно е да се испрати кратка биографија и контакт, а доколку имате прашања, упатете и ги на Мај-Брит Рисбјерг Хансен на електронската адреса хансенЖецми.де
Т.Х.А.
|
Модули за обука за Европско државјанство 4-6
Советот на Европа објави три модули за обука за европско државјанство во рамките на Програмата за партнерство-обука на млади европски кадри, истражувачка политика за млади и евро-мед соработка. Партнерството за обука ги одржало првите 3 модули за обука во периодот помеѓу декември 2004 година и февруари 2005 година и најави уште три модули за 2005 година. Секој модул на обука се фокусира на еден важен аспект на концептот и праксата на европското државјанство. Сите модули ќе содржат заеднички елементи, а за секој од нив поединечно ќе има различен фокус. Краен рок за аплицирање е 20 септември 2005 година. Претстојните модули ќе вклучуваат: интеркултурно учење (модул 4, 14-20.11. 2005 во Романија); институции и политика (модул 5, 21-27. 11. 2005 во Холандија) и човекови права (модул 6, 01-07. 12. 2005 во Белгија). На секој од модулите може да се присуствува поединечно, а заинтересираните кандидати треба да аплицираат за еден од трите модули. Формуларите за аплицирање ќе ги најдете на: http://www.salto-south.net/download/604.doc. Формуларот треба да се испрати до претставништвото на националната агенција или до националната агенција - домаќин најдоцна до 20 септември 2005 година.
Т.Х.А.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|