Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Избор

   

Промоција на помирувањето во ЈИ Европа

Препораки за граѓанското општество

Ние, учесниците на работилницата Поми­рување за иднината, кои се стретнавме од 4 до 6 април 2003 година во Солун, уште еднаш се обврзавме да оствариме мир и помирување. Со цел да го олесниме и поттикнеме процесот на помирување, се обврзуваме:

  • Да ги однесеме препораките од оваа работилница во нашите земји со цел да ги поделиме размислувањата и да стекнеме поголема свест за прашањата за кои се дискутираше тука;
  • Да создадеме позитивна општествена средина за образовните реформи преку вмрежување, работилници и други проекти и програми и да соработуваме поактивно со министрите за образование;
  • Да ја зголемиме сора­ботката меѓу НВО и учи­лиштата со визија за зајак­нување на мирот и не­насилните студии и ди­јалошкиот начин на пре­давање;
  • Да застапуваме прав­ни реформи што ќе го под­држат Болоњскиот про­цес;
  • Да поддржуваме про­екти кои промовираат раз­мена, како на пример пре­несу­вање на сведоштвата на луѓето кои извршиле акти на добрина преку ет­нич­ката поделба, на при­мер “Добри луѓе, лоши вре­миња” и Карван (авто­буска тура за жени низ градо­вите, селата и ре­гионите зафатени со воени злос­торства за да се сретнат и да зборуваат очи в очи со нивните жители);
  • Да работиме на поврзување на ини­цијативите во граѓанското општество;
  • Да дискутираме за концептот на институт за помирување во рамките на нашите оп­штества со цел да се обезбедат реакции за кан­целаријата на Пактот за стабилност и швед­ската влада како претходница на Регио­налната седница на Пактот за стабилност кон крајот на мај;
  • Да работиме поединечно и здружено за да ја смениме (трансформираме) јавната свест/политичката култура на национално ниво и внатре во регионот; да промовираме афир­мирање на човечкото достоинство на жртвите и да започнеме јавна дебата за воените злосторства, нарушувањето на чо­ве
  •  Да ги интегрираме културните и умет­ничките проекти во активности од областа на обра­зованието, јавното здравство, животната средина, човековите права, спречувањето на криминалот, туризмот и работењето со непри­вилегираните општествени групи. Да се потпреме на моќта на уметничката метафора и да ги прошириме можностите за само­изразување, креативност и комуникација во интерактивните уметнички проекти во спе­цифичен општествен контекст и со спе­цифични општествени групи;
  • Да ги редефинираме прекуграничните микрорегиони и да ги ревитализираме гра­довите кои се збратимуваат врз база на културната блискост, со акцент на (екс)гра­ничните градови и излези. Да соз­дадеме полови на привлечност како оски (центри) на креативноста и интеркултурната комуникација, развивајќи уметнички интервенции во ру­ралните области и ставајќи ја високата култура во поширок контекст, и на тој начин про­ширувајќи ги и развивајќи ги уметничките можности и публика;
  • Да го поттикнеме финансирањето на кон­зорциумите меѓу фондациите и меѓу јавните и приватните извори. Да размислиме за осно­вање културна фондација на Југо­источна Европа за давање грантови со  лично оси­гурување, која ќе поддржува мул­ти­латерални проекти со регионален фокус;
  • Да продолжиме да ги развиваме мена­џерските способности во културниот свет, особено во етаблираните културни институции и да обезбедиме платформи и можности за професионален дијалог, размена на инфор­мации, идентификација на партнери и развој на проекти. Резиденциите, професионалните состаноци и работилници инспирираат интер­културни проекти и иницираат трајни пре­кугранични партнерства;
  • Да ги имплементираме уметничките проекти во културното наследство со цел да развиеме заеднички сознанија за минатото и заеднички предвидувања за иднината. Интеркултурното влијание на образовните проекти, развиени во местата на културно наследство, музеите и сличните места, сето тоа треба да биде стартна точка во создавањето на програмите, а не само споредна корист;
  • Ромското население во југоисточна Европа заслужува посебно внимание во развојот на личната културна инфраструктура во ромскиот јазик како предуслов за неговата целосна интеграција во меѓукултурната динамика на целокупниот регион;
  • Да избегнуваме гетоизација на женските активистички организации;
  • Да користиме јавни пре­зентации (медиуми, еду­кација, поп-култура) за негирање на стереотипите за родот (родовата ед­нак­вост);
  • Да се зафатиме со ле­кување на посттра­ума­тич­ниот стрес, да ги неутра­лизираме “мачоистичките” стереотипи промовирани од  популарната култура во регионот и да ја рекон­струираме машкоста свесни за половата еднаквост во разни активности како спо­р­тот;
  • Да работиме на неутра­лизирање на стереотипите за хомосексуалноста, бисе­ксуалноста и транс­сексу­алноста;
  • Да работиме со владите за намалување или елиминирање на употребата и присуството на лесно оружје во секој­дневниот живот;
  • Да основаме селски и градски совети во кои мажите и жените ќе бидат застапени подед­накво (50=50%), земајќи ја предвид и возраста. Улогата на овие совети, меѓу другото, треба да биде:
  • Да организираат мешани потери во потрага по исчезнати лица;
  • Да лоцираат изгубена документација;
  • Да го преиспитаат минатото;
  • Да истражуваат методи за помирување. 

    (www.reconciliationforthtfuture.org)
Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 28 Јуни 2003
Балкан експрес
Европа
Свет
Публикации
Луѓе
Историја на граѓанското општество
Тема
Избор
Форум
Коментар
Концепти
Појмовник
Погледи
Настани
Q&A
Представување
Интервју
 

©MCMS - designed by KOMA