NAJDOBRA истражувачка сторија 2002
Поттикнување на истражувачко новинарство
Новинарските текстови "Арачиново, една година потоа" (автори: Борјан Јовановски и Јован Дамчевски, објавена во неделникот “Капитал” на 27/06/2002 година), "Серијал текстови за вилата на Водно" (објавени во дневниот весник "Вест", објавени во текот на 2002 година) и "Задоцнета реконструкција" (заеднички прилог на ТВ Арт и ТВ Кис од Тетово, од новинарите Дашмир Идризи и Александар Самарџиев, емитувана на 30/12/2002 година, во рамките на ТВ емисијата "Контрафор") - се наградени на конкурсот “Најдобра истражувачка сторија 2002”, објавен од Македонскиот институт за медиуми. Конкурираа вкупно 96 стории од 57 новинари и редакции во Македонија. За нив одлучуваше независна жири-комисија, во состав: Александар Дамовски, редакција "Дневник"; Живко Андревски, МТВ; Ибрахим Мехмети, Потрага по заедничка основа; Јасмина Миронски, Франс Прес; Љупчо Поповски, редакција "Утрински Весник"; Назим Рашити, ББЦ; и Шкљезен Халими, редакција "Факти". Наградите официјално ќе бидат доделени на 24 март. Наградата традиционално се доделува со цел да го поттикне и промивира истражувачкото новинарство во Македонија. Доделувањето на наградите се реализира во соработка со организациите Irex ProMedia и Press Now. М.И.
|