18 мај
Цветна трка
И годинава, ОБСЕ ја организира Цветната трка, чии приходи ќе бидат донирани во добротворни цели. Се трча класична маратонска далечина од 42 километри, симболично поврзувајќи ги Скопје и Тетово. Целта е на симболичен начин да се зближат граѓаните на Македонија од различни етнички групи. За пријавувањето на тимовите (се трча по принцип на штафета во тимови од 20 тркачи) и за другите информации, обратете се до Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.
|