ЈУБИЛЕЈ
Две години www.culture.in.mk
Министерството за култура на Република Македонија, Здружението на граѓаните „Јунона“од Скопје и печатените медиуми, на 12 јули годинава, го прославија вториот роденден на веб-страницата www.culture.in.mk, која информира за културните случувања и за претставувањата на македонската култура во странство.
- Аспектот на соработка меѓу Министерството и невладина организација дава посебна тежина, и од аспект на кредибилитет на информациите, а и од аспект на структурна децентрализација на информациите, современ концепт каде ова Министерство навистина исклучително точно го разбира духот на времето - рече на прес-конференцијата, што се одржа по тој повод, г-ѓа Јасна Шоптрајанова, главен уредник на страницата.
Со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, неодамна започнаа по електронска пошта да се испраќа седмичното е-гласило, каде се информира за најважните случувања од претходната седмица и најава за претстојната. Претплатата е бесплатна. Во моментов е-гласилото се подготвува на македонски и на англиски јазик, а согласно пројавениот интерес, ќе се подготвуваат верзии и на јазиците на етничките групи во Македонија. Во изминатите две години се објавени речиси 7500 вести, односно просечно над 10 вести дневно, а од септември 2002 година, на веб-страницата има над 150.000 посетители. Г.Ш. |