Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 72

   

Дебата на глобалното граѓанско општество

Отчетност и одговорност за постигнување резултати 
                                                                                                                                 албански
Кој сe треба да биде одговорен и отчетен? Зошто е потребно тоа? Кон кого првенствено треба да се остварува отчетноста? Дали граѓанските организации го практикуваат тоа што го проповедаат? Ова беа само дел од прашањата на кои повеќе од 1.000 претставници на граѓанското општетсво од над 100 земји од целиот свет дебатираа и бараа одговор од 23 до 27 мај 2006 година во рамките на 7. Светско собрание на ЦИВИКУС, кое се одржа во Глазгов, Шкотска.

ЦИВИКУС - Светската алијанса за граѓанско учество е меѓународна мрежа на граѓански организации кои работат на локално, национално, регионално и глобално ниво. Основана е во 1993 година во Вашингтон ДЦ, а седиштето сега се наоѓа во Јоханезбург, Јужна Африка.

ЦИВИКУС се стреми да ја поттикнува, развива и зајакнува граѓанската акција и граѓанското општество насекаде во светот, особено онаму каде партиципативната демократија и слободата на граѓаните за здружување се под закана.

Светското собрание на ЦИВИКУС е еден од најголемите меѓународни собири на граѓанското општество кое мобилизира стотици практичари, активисти и истражувачи на граѓанското општетсво кои се обидуваат да создадат единствена можност каде тие им се приближуваат на донаторите, владите, бизнисите и медиумите за да направат заедно промени во животите на луѓето низ светот.   

Носечка тема на настанот беше „Отчетност и одговорност за постигнување резултати” и сите настани кои се случуваа во текот на овие 5 динамични денови беа фокусирани на одредени аспекти на оваа тема: „Отчетност и одговорност на граѓанското општество”, „Отчетност и одговорност на медиумите”, „Корпоративна одговорност”, „Барање одговорност од властите”, „Одговорност во организации базирани на членство”, „Отчетност на меѓународните финансиски институции” итн. Овие прашања беа обработени низ 80 настани кои имаа најразлична форма од пленарни сесии и панел-дискусии, работилници и тренинг-работилници, до посети на различни локални организации, институции и проекти.

На првата пленарна сесија со наслов „Отчетност: Кон кого и за што?”, одржана во преполната главна сала на Изложбениот и конференциски центар во Глазгов, беше поттикната анализа на терминот „отчетност”: што всушност значи тој, но не од аспект на теоретска дефиниција, туку како тој практично се разбира од различните носители на моќ и како истата може да се зајакне во различните сектори на општетсвото.

Александро Литовски од глобалната „тинк-танк” орга­низација „Акаунтабилити” (АццоунтАбилитѕ) застапу­ва­­ше широко разбирање на овој термин и смета дека всушност развојот во основа е одговорност и отчетност: „Подобрувањето на резултатите од развојната работа во суштина е директно поврзано со оние кои имаат пристап до донесувањето одлуки. Развојот може да се случи само со трансформирање на начинот на распределба на моќта, а потоа и нејзиното повикување да биде одговорно и отчетно. Отчетноста е само цивилизирање на моќта”, рече тој.   

 

 

Партиципативното управување синоним за одговорно управување
 

Пред почетокот на собранието, на 22 и 23 мај, во Глазгов, беше одржана Бреинсторминг - работилница за партиципативно управување.

Претходните неколку години ЦИВИКУС спроведуваше Програма за партиципативно управување со цел да ја промовира демократизацијата и да го зајакне гласот на граѓанското општество во процесите на донесување одлуки. Цивикус ја подготвува следната фаза од оваа програма. Поради тоа, беше свикана консултативна бреинсторминг-работилница, која требаше да ги провери насоките за натамошната формулација на програмата. На работилницата учествуваа претставници на владини институции, меѓународни организации, истражувачки институции и граѓански организации од повеќе земји од целиот свет.

Целта на работилницата беше да се идентификуваат клучните предизвици и можности за партиципативното управување, да се приберат најдобрите практики и да се истражат можните стратегии за промовирање и градење на капацитетите на граѓанското општество за партиципативно управување. На работилницата тимот на Цивикус го презентира концептот на идната програма кој првенствено ќе биде фокусиран на вмрежување, споделување на практиките и градење на капацитетите на граѓанското општество со цел тоа поуспешно да влијае и придонесува кон партиципативно управување.



Отчетноста на граѓанските организации
         
За отчетноста на самите граѓански организации се дискутираше на повеќе пленарни сесии и специјално дизајнирани обуки и работилници. Дискусиите задираа многу подалеку од потребата само да се задоволат формалните барања на донаторите со кои организациите имаат договори. Се покажа дека има потреба да се презентира одговорност на внатрешните процедури за управување. Граѓанските организации низ целиот свет се напаѓани од другите актери, пред се властите, дека претставниците на граѓанското општество не се избрани и тогаш врз која основа ги застапуваат другите. Ова ги покрена прашањата за легитимитет, претставување, застапување и саморегулација.

Давид Бонбрит, извршен директор на Кистоун (Кеѕстоне) - организација од Велика Британија која работи на отчетноста на граѓанските организации, беше еден од говорниците на повеќе сесии и подготви концепт-документ под наслов „Да си одговориме за себеси: отчетност на граѓанските организации”, кој беше основа и поттик за низа дискусии. Тој истакнува дека отчетноста на граѓанските организации е дефинирана со причината за нивното постоење: да предизвикаат јасна добивка за општеството со тоа што ќе им служат на другите, а не на себеси. Според него, легитимноста произлегува од нивниот ангажман и одговарањето на потребите на оние кои им служат, од нивниот етички интегритет и ефективноста во остварувањето на нивната мисија.   

 

Промовиран првиот том од Глобалната анкета за состојбата на граѓанското општество

Во ова издание се вклучени резимеа од извештаите од Индексот за граѓанско општество за 44 земји. Индексот за граѓанско општество е истражувачки проект кој во земјите коишто учествуваа беше спроведен по единствена методологија од страна на национални партнери на ЦИВИКУС. Ова истражување ја проценува состојбата на граѓанското општетсво од аспект на неговата структура, околината во која дејствува, вредностите кои ги практикува и промовира и влијанието кое го остварува на општествено ниво.

Ова издание има за цел да ја подигне свеста на глобално ниво за улогите, јаките страни и слабостите на граѓанското општество низ светот. Во оваа публикација на 10 страници е вклучено и резиме на извештајот за Македонија подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Глобалната анкета за состојбата на граѓанското општество поттикна дискусија на повеќе работилници, а на една од нив претставници на организации-национални координатори од повеќе земји ги презентираа искуствата од нејзиното спроведување, предизвиците со кои се соочувале и можностите кои истражување ги отвора ова. 
 

Околу 200 организации од Шкотска, од Англија и од Северна Ирска во текот на настанот и на дело дадоа отчет на своите целни групи, претставувајќи ги пред локалната и светската јавност своите програми, извештаи и активности во изложбата презентирана на Саемот на волонтерски организации, кој се случуваше паралелно со форумскиот дел.

 

Отчетноста на глобално ниво 

Отчетноста на глобалните институции и на меѓународните граѓански организации исто така беше тема на дискусија. Беа презентирани наодите од Глобалниот извештај за отчетноста за 2006 година и напорите кои се направени за промовирање на отчетноста на глобално ниво. Наспроти отпорот кон глобализацијата, донесувањето одлуки кои го надминуваат националното ниво станува секојдневна неизбежна реалност. Глобалните врски секојдневно се интензивираат преку трговијата, финансиите и комуникациите. Националните власти веќе самостојно не можат да ги решаваат проблемите како што се климатските промени и сиромаштијата кои самите по себе се глобални. Околу овие прашања се обединува една цела низа меѓувладини, невладини и други организации кои имаат сe поголема моќ на глобалната јавна сцена. Сепак, недоволната отчетност на овие организации токму кон заедниците чии потреби се адресираат влијае на нивната ефикасност.

Беше отворено прашањето каква улога можат да имаат граѓанските организации во зголемување на отчетноста на Обединетите нации, а посебно дијалогот меѓу граѓанските организации и ОН, одржуван преку структура на ОН за врски со НВО воспоставена за таа цел.

На една од работилниците беше направена рефлексија на „Повелбата за отчетност” усвоена од 15 меѓународни НВО во јуни 2006. Беа споделени нејзините цели, содржината и процесот на нејзино концептуализирање, а дел од организациите потписници од своја перспектива ги истакнаа нејзините импликации по примената од една година.

Сунчица Саздовска,
Раководител на оделението за граѓанско  општество и демократија, МЦМС

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA