Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Донатори

   

ДОНАТОРИ
    
 

ШВАЈЦАРСКА АМБАСАДА

Родовите односи и децентрализацијата – прашања од посебен интерес

 

Првото претставништво на Швајцарија во Македонија е отворено во 1996 година како Биро за соработка и конзуларни работи. Во 2000 година, делот за конзулрни работи прерасна во амбсада, а бирото за соработка остана да постои како канцеларија за соработка.

Швајцарија  е еден од донаторите во Македонија. Проектите што се одобруваат се поделени во две големи групи: техничка и финансиска помош. Фондовите со кои располага амбасадата и кои се распределуваат преку Канцеларијата за соработка се обезбедуваат од министерстовото за надворешни работи чиј составен дел е и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија-СДЦ и од министерството за економија. Средствата од министерството за економија се користат исклучиво во билатералната соработка помеѓу владите на Македонија и Швајцарија, најчесто за инфраструктурни проекти. За другиот дел од средствата, меѓу другите, можат да аплицираат и невладините организации.
Целта на донациите на Швајцарија во Македонија е да се олесни периодот на транзиција во кој се наоѓа земјата. Главните области во кои Швајцарија би сакала да види напредок во Македонија и кон кои ги насочува фондовите се: демократизација и развој на граѓанското општество, заштита на животната средина, разрешување на конфликтите, инфраструктура и социјална и економска транзиција. 
Соработката со невладините организации во Македонија се остварува претежно во првите три области.  Така во рамките на демократизацијата и развојот на граѓанското општество е поддржан проектот на Институтот отворено општество-Македонија со кој се направени два ресурсни центри за невладините организации во Велес и во Прилеп, а во рамките на заштитата на животната средина е поддржан проектот на Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ) за развој на биоземјоделието и за заштитата на Пелистер.
"Немаме временско ограничување за прием на проектите", ни рече Фросина Георгиевска, службеник во швајцарската амбасада. "Проектите можат да се достават директно во амбасадата или по пошта. Потребно е да бидат напишани на еден од светските јазици". Она што е важно за заинтересираните НВО е дека во периодот од 2001 до 2005 година Швајцарската влада ги одредила прашањата од посебен интерес, тоа се родовите односи и децентрализацијата. "Проектите не мора директно да работат на овие две прашања", ни објасни Фросина Георгиевска, "важно е тие да имаат позитивен однос кон нив." Буџетот на проектите не е лимитиран.
Во моментот се работат околу 15 проекти поддржани од Канцеларијата за соработка при швајцарската амбасада чии носители не се само невладините организации.  


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 07 Август 2001
Број 07 Август 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA