Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 29 Јули-Август2003  Q&A

Q&A
 
Ќе ги пополни ли празнините во правната рамка Законот за сметковотствено работење на непрофитните организации?
 

Финансиското работење на здруженијата на граѓани е се’ уште нерегулирано. Како се применува Законот за сметководство на непрофитните организации, побаравме подетално толкување од г. Николаки Миов:

„И по 12 години транзиција, правната рамка1  за Здруженијата на граѓани и воопшто непрофитните организации во Република Македонија останува недооформена. Тоа остава можност за семожни оценки на секторот, кои се движат од крајно негативни до некритички позитивни и по нашиот добар обичај, секогаш паушални и генерализирани, засновани на изолирани настани. Непрофитните организации во делот на финансиското работење мораат често да се бараат меѓу редови и меѓу закони кои оваа област ја регулираат за трговските друштва и државните органи. Тоа најчесто завршува со толкувања од случај до случај, без чувство дека се работи за конзистентна регулатива насочена кон воведување ред и давање правец во работењето на непрофитните организации.

Во Службениот весник на Република Македонија бр. 24/2003  е објавен еден од ретките закони кои се однесува директно на непрофитниот сектор - Закон за сметководството на непро­фитните организации. По внимателно про­учување на неговите членови, наместо сознание дека сме се приближиле до меѓународните стандарди од оваа област, добиваме чувство дека законот  повторно ќе треба да се толкува а најверојатно и скоро  да се дополнува или менува. Законот е во примена од 01.01.2003 година, но се’ уште е неприменлив поради недонесените подзаконски акти од страна на Министерството за финансии:

- Формата и начинот на водење деловни книги;

- Видот, содржината, контролата и движењето на сметководствените документи;

- Сметковниот план;

- Стапките за отпис на долгорочните средства;

- Начинот на ревалоризација;

- Начинот на вршење попис;

- Обликот и содржината на финансиските из­вештаи;

- Посебни податоци за државна евиденција;

- Други поблиски прописи за спроведување на законот.

До донесувањето на овие акти се користат постоечките според стариот закон за смет­ководство. Делокругот на подзаконските акти е таков што во практиката евиденциите се водат како и да не е донесен нов закон, а квалитетот на финансиските извештаи усогласени со измени донесени една недела пред нивното изготвување ни е одамна познат.

Во членот 1 од Законот, наместо јасна дефиниција и услови кои треба една организација да ги исполни за да, при водењето деловни книги го примени овој закон, има едноставно набројување на орга­низациите за кои се однесува со неизбежното „и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни, доколку поинаку не е регулирано со друг пропис“2.

„Непрофитните организации чијашто вкупна вредност на имотот или годишниот приход е помал од 2500 евра“3  не мораат да поднесуваат финан­сиски извештаи и да водат книги според овој закон. Доволно е да водат благајна и книга на приходи и расходи. Сврзникот „или“ е јасен: Ако нема имот а има милион евра приход, не предава финансиски извештаи.

Во член 2 се бара да ги применува сметко­водствените принципи, сметководствено при­фатената практика и сметководствените стандарди, што кај нас би значело меѓународните стандарди, но повторно доколку не се во спротивност со друг пропис.

Со Законот се воведува  „сметководствено начело на модифицирано настанување на деловните промени“4 . Ова начело според начинот на кој е дефинирано во Законот дозволува приходи, доколку во рок од 30 дена по истекот на периодот се расположливи и расходи по истекот на пресмет­ковниот период, доколку се настанати во рок од 30 дена, да се земаат во тековниот пресметковен период. Со овој член се воведува хибриден метод на водење на деловните евиденции во непро­фитниот сектор. Ова е во спротивност со истиот закон кој бара „точно, вистинито, сигурно, сеопфатно,  благовремено, ажурно и поединечно искажување на билансните позиции, состојбата на средствата, обврските, изворите на средствата, приходите и расходите и резултатите од ра­ботењето“5 . Значи ако побарувањето го напла­тите на 30.01. станува приход, а расходот кој е платен 31.01. не е расход. Веднаш е јасно дека со тоа е напуштан принципот на совпаѓање на приходите и расходите потребни за нивно остварување што води кон нереални финансиски извештаи, за приходите и расходите, побарувањата и обврските, на денот под кој се изготвуваат.

Годишната сметка на непрофитните организации ги содржи: Билансот на состојба, Билансот на успех и Белешките кон финансиските извештаи.

Белешките кон финансиските извештаи се „детална разработка и дополнување на податоците од билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите“6  што е модифицирано барање во однос на меѓународните стандарди кои бараат во белешките да се презентираат информации за основата за подготвување, значајни сметко­водствени политики и дополнителни информации кои не се презентирани на друго место, а се неопходни за објективно презентирање.

Извештајот за паричните текови и во овој закон не успеа да го најде местото во финансиски извештаи.

Законот, сепак, е подобро решение во деловните евиденции на непрофитните организации и може да ги подобри  состојбите доколку навреме се донесат сите подзаконски акти. Но, за целосно регулирање на практиките во непрофитниот сектор неопходни се измени и дополнувања:

- Јасно да се дефинираат условите за непро­фитност;

- Да се воведе поделба на неограничени, времено ограничени и постојано ограничени средства и извори;

- Основните претпоставки да се усогласат со стан­дардите: пресметковна основа и конти­нуитет;

- Јасно да се одвојат приходите и обврските. Ако сте примиле пари, не значи дека имате приход додека не го исполните условот под кој ви се дадени парите;

- Напуштање на ревалоризацијата како метод на усогласување на вредност бидејки веќе не сме во услови на инфлација која ја оправдува;

- Покрај известувањето за приходи и расходи според видови, да се известува и по активности; 

- Јавност на финансиските извештаи. Една заедничка интернет-страница би била сосема доволна за да се избегнат трошоци;

-Да се воведе преглед на паричните текови;

- Да дозволи примена и на повисоки стандарди за водење деловни евиденции доколку некоја организација оцени дека тие пообјективно ќе го прикажат нејзиното работење како и олеснети услови за водење деловни евиденции засновани на повеќе критериуми, а не само имот или само приход.

1 Накратко за меѓународната практика во обликувањето на правната рамка на адресата www.icnl.org/gendocs/cheklist.htm

2 Закон за сметководство на непрофитните организации (Службен весник на РМ 24/2003), член 1

3 Закон за сметководство на непрофитните организации (Службен весник на РМ 24/2003), член 18

4 Закон за сметководство на непрофитните организации (Службен весник на РМ 24/2003), член 13

5 Закон за сметководство на непрофитните организации (Службен весник на РМ 24/2003), член 2

6 Закон за сметководство на непрофитните организации (Службен весник на РМ 24/2003), член 17

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 29 Јули-Август2003
Балкан експрес
Европа
Настани
Свет
Публикации
Луѓе
Историјат на граѓанското општество
Тема
Интервју
Форум
Коментар
Писма од читатели
Концепти
Q&A
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 
 

©MCMS - designed by KOMA