8 април
Да се зачува Ромската традиција
Светскиот ден на Ромите, 8 април, се прославува секоја година, со единствена цел - да се зачува специфичната традиција и култура на овој народ без држава, но распространет и припадник на целиот свет. Во повеќето држави во светот, каде живеат Ромите, се негува традицијата и кутурата, но истовремено се заканува опасноста тие да се претопат и изгубат во другите култури. На овој ден, повеќе ромски невладини организации одржуваат различни активности и манифестации, на кои им се придружуваат и македонските здруженија на Ромите..
|