СВЕТСКА БАНКА
Се подготвува Национална стратегија за сиромаштијата
Светската банка веќе извесно време ја подготвува Националната стратегија за намалување на сиромаштијата, во соработка со македонската Влада. Стратегијата треба да се однесува на периодот 2004-2006 година и ќе биде фокусирана на поттикнувањето на економскиот развој.
Освен со Владата, при изработката на оваа Стратегија, Светската банка, преку својата канцеларија во Скопје, ќе одржи и консултации со претставниците на граѓанското општество во нашата држава, меѓу кои со здруженијата на граѓани.
М.И.
|