СЕМИНАР ВО ХАРВАРД
Меѓународно хуманитарно право
Во организација на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ), на Програмата за хуманитарна политика и разрешување на конфликити (ХПЦР) и на Харвардскиот колеџ за право при Универзитетот Харвард, САД, од 22 до 25 јули годинава, на овој колеџ ќе се одржи тренинг-семинар за базичните концепти и структура на меѓународното хуманитарно право.
Тренингот ќе опфати дискусии за предизвиците на меѓународното хуманитарно право во неодамнешните конфликти што се случија ширум светот, како и куса претставување на проблематиката, проследено со експертски презентации. Учесниците треба да имаат познавање од областа на правото. За подетални информации, обратете се на орихлсеминарЖхспх.харвард.еду.
М.И.
|