Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 16 Мај 2002  Донатори

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

FRIEDRICH EBERT STIFTUNG

Целосна свртеност кон потребите во Mакедонија

Фондацијата Фридрих Еберт е основана во 1925 година. Таа го носи името на првиот демократски избран претседател на Германија кој починал во годината на основањето на Фондацијата. Во 1933 година Фондацијата е забранета од страна на Нацистите, а во 1947 година таа е повторно основана. Денес, Фондацијата „Фридрих Еберт” е активна во повеќе од 120 земји во светот.

„Активности во Македонија поддржани од Фондацијата, индиректно, започнаа во 1992 година”, ни рече раководителот на канцеларијата во Македонија г-ѓа Милинка Трајковска. „Инаку, канцеларијата во нашата земја е отворена во 1996 година”, додаде таа.

Севкупната програма на Фондацијата е свртена кон потребите на земјата. „Нашите партнери во Македонија се невладините организации, научните установи, министерствата, МАНУ и синдикатите”, не информираше г-ѓа Трајковска.

Фондацијата „Фридрих Еберт”, канцеларија во Скопје прави годишно прилагодување на целите и целните групи обидувајќи се да ги следи потребите на земјата. Поради тоа, заитересираните НВО, научни установи, министерствата како и синдикатите до крајот на ноември испраќаат предлози за активности во кои се дадени основните информации за активноста односно темата, целта и целната група. Во канцеларијата се сумираат барањата и се согледуваат потребите. На основа тоа се формулираат целите за следната година и со тие предлози Канцеларијата во Скопје аплицира во седиштето на Фондацијата.

„За тековната 2002 година формулирани се четири глобални цели”, ни изјави г-ѓа Трајковска. „Тоа се: политички прашања; социјалната димензија на стопанските вредности во Македонија; работата на синдикатите и хармонизација на етничкиот и националниот идентитет и развиваање на чувство за припадност на една држава.

Методите што ги користи Фондацијата во својата работа се најчесто семинари, округли маси, советувања обуки и сл. „На семинарите што ги организираме се обидуваме освен домашните релевантни личности да поканиме и гости од земјите во регионот кои имаат искуства со зададената тема но, и други странски експерти кои се специјализирани за некои од темите. Освен тоа, се обидуваме да ги публикуваме главните излагања од семинарите за да можат не само учесниците туку и другите заинтересирани да ги имаат при рака тезите и евентуалните решенија предложени на семинарот. До сега сме издале околу 20 публикации на различни теми”, ни рече г-ѓа Милинка Трајковска.

Освен локалните проекти Фондацијата „Фридрих Еберт” учествува и во спроведувањето на регионални проекти кои се концентрирани на теми од областа на политиката на вработување, социјалната сфера и локалната самоуправа.

 

©MCMS - designed by KOMA