Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Избор

   

ИЗБОР

Можат ли европските фондации да работат заедно?

Сенката која ја фрлија терористичките напади од 11 септември несомнено доведе до едно попрецизно фокусирање и зголемено чувство на итност од неодамнешниот состанок на лидерите на европските фондации со цел да ги откријат начините за заедничко работење. Иако имаше само неколкумина кои ја прифатија идејата за Европска фондација, сите се сложија околу потребата за поголема соработка околу европските и светските прашања преку низа формални и не толку формални мрежи.

На Самитот на лидерите на европската фондација, одржан на 9 ноември, домаќин беше фондацијата Кинг Бодуен. Двајцата главни спикери ја поставија програмата на денот.


Европски наспроти американски фондации

Риен ван Гендт ( од фондацијата Бернард ван Леер) ги спореди европските фондации со американските. Американските фондации, рече тој, имаат традиција на прекуокеанско финансирање, па така тие се во состојба брзо да одговорат на настаните, како што беше, на пример падот на Берлинскиот ѕид и крајот на апартхејдот - два настани кои во голема мера ја обликуваа програмата за прекуокеанското финансирање на фондацијата Мотт. Иако централна и источна Европа се од стратешки интерес за Европа, развојот на тамошните граѓански општества беше главно финансиран од САД. Европските фондации мора да дејствуваат побрзо, да преземаат повеќе ризици, да бидат пофлексибилни. (Некои од одговорите ги посочија тешкотиите за такво дејствување, илустрирајќи го опширно проблемот на галванизација на европските фондации за акции надвор он нивната вообичеана сфера на дејствување.)


Европска фондација?

Џон Ричардсон (Еуропеан Фоундатион Центре) зборуваше за Европска фондација. Идејата се роди во 1975 г., а произлезе од тогашниот белгиски премиер Лео Тиндеман, кој ја гледаше како механизам за градење на Европа, кој би бил финансиран од замјите-членки на ЕУ. Концептот се усвои во 1982 година, но никогаш не се потпиша. Најголема пречка беше нодостатокот на волја од страна на земјите-членки да пристапат кон една битна соработка на културен и на образовен план. Идејата повторно се разгледуваше минатата година на конференцијата на ЕФЦ во Краков, Полска и уште еднаш на 9 ноември.

Како што нагласи Ричардсон, и идејата и контекстот се променети од 1982 г. Прекуграничната соработка на планот на културата и образованието сега е веќе факт. Сегашната идеја не е повеќе монолитна институција, финансирана од страна на владите, туку таа се финансира од повеќе извори и „се заснова на мрежна структура” - сепак, не беше прецизно објаснето како таа би функционирала.

И покрај овој вовед и апелот на Мајкл Брофи (Цхаритиес Аид Фоундатион) европските фондации да дејствуваат здружено, повеќето присутни на состанокот јасно ја видоа ЕФ како централизирана и бирократска - Франсис Шарон (Фоундатион де Франце) ја нарече „Големиот брат”, „бирократско чудовиште”.

Ако идејата за ЕФ на заживее како таква, заедничкото работење сепак останува дел од агендата. Мрежи веќе постојат, како и подготвеност да се создадат повеќе такви. АИЦЕ (Ассоциатион фор Инновативе Цооператион ин Еуропе) нуди добар модел за заедничко работење на фондациите на еден прагматичен начин. Фондациите избираат проекти од „менито” во зависност од нивното поле на интерес. Транснатионал Гивинг Еуропе (прекугранична мрежа основана во 1995 година во која членуваат ЦАФ, Фоундатион де Франце, КБФ и Јулиана Њелнзијн Фондс) е уште една мрежа. Во врска со мрежите, се зборуваше за размена на погледи и споделување на добрата пракса и резултатите од неа, со цел оние кои дејствуваат на слично поле во различни земји да научат едни од други. Ова може да доведе до партнерства од понизик ранг, т.е. до „заеднички потфати”.


Чувство на итност

Она што се разликува од 1982-та е меѓународиот контекст. Три шефови на американски фондации трогателно зборуваа за американскиот одговор на 11 септември. „Ние во САД не знаеме каде е Авганистан, ниту што е тоа ислам”, рече Бил Вајт од фондацијата Мотт. „Можеме да му пристапиме на тоа како на локално прашање”. Бери Габерман од фондацијата Форд зборуваше за потребата од разбирање на исламот и арапскиот свет. Крег Кенеди (УС Герман Марсцхалл Фунд) стави поголем акцент на потребата од нова надворешна политика на размислување. Потребата од ново размислување, поголемо разбирање и едуцирање на јавноста е секако подеднаков притисок и за Европа.

Излагањето на Брофи за ЕФ беше пред се во знак на настаните од 11 септември.
- На сите нас сега ни е повеќе страв за разлика од 10 септември - рече тој. Но, доколку и граѓаните на Европа се посвесни за опасностите со кои се соочуваме, како и за потенцијалот на Европа да стори нешто, тогаш ќе бидеме во можност да создадеме институции.

- Иако не сакаа да создадат Европска фондација, сите присутни се согласија околу чувството на итност. Се предложи и втор самит, во Португалија, кој би се одржал по една година, но јасно е дека луѓето сакаат да се преземат конкретни чекори многу порано од тоа.

(Alliance, december 2001)

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 13 Февруари 2002
Број 13 Фебруари 2002
Вовед
Календар
Публикации
Тема
Интервју
Погледи
Настани
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA