Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Вовед

   

Вовед

Сите наши искривени огледала

Веќе одамна, веројатно уште од првите „јавни„ воени судири (односно, оние кои почнаа да се следат преку медиумите), некој рекол дека во секоја војна најпрво гине вистината. Многу различни или извртени вистини, многу манипулации, многу долевања масло на огнот, многу вртења на водите кон своите воденици, се случија и во нашава војна. Креирања вистини, креирања измислици, креирања на мислења...

Од сиот тој калабалак не беше изземен ниту граѓанскиот сектор. Невладините организации се вклучија во активностите околу воените дејствија, проткајувајќи во таа црна мрежа светли нишки на надеж, доделувајќи хуманитарна помош, делувајќи смирувачки, подобрувајќи ги меѓуетничките релации, намалувајќи го конфликтот. И веднаш се најдоа во филмот во кој вистината е искривена, како одраз во криво огледало.

Секако, како и секогаш, постоеја и постојат обиди и НВО да се искористат во нечии цели. Но, никој нема да може да го побие фактот дека НВО, и домашните и странските, сторија многу од она што инаку ќе требаше да го заврши државата - во доставувањето храна, во рехабилитација на куќите, на училиштата и на амбулантите.

Сакајќи да одговори на искривените вистини поврзани со НВО и со нивната улога во македонската криза, „Граѓански свет„ во овој и во наредниот број, во рубриката „Тема на месецот„, го пренесува текстот на г. Сашо Клековски, кој нуди интересни ставови, информации и факти од кои многу и’ се непознати на пошироката јавност.

Но, во овој „Граѓански свет„ пренесуваме и информации кои не се директно поврзани со кризата - на пример, за интересните проекти на Министерството за финансии (форум во кој можат да учествуваат граѓаните), на USAID (центри за информирање на граѓаните), на Milieukontakt Oost-Europa (обука за ефективни кампањи), на "Проактива" (за мониторинг на меѓународните финансиски институции).

Претставуваме и дел од богатата издавачка активност на НВО, а во нашата нововостановена рубрика „Концепти„ се обидуваме да ве едуцираме уште повеќе и да го подобриме вашето разбирање на граѓанското општество. Во оваа рубрика стартуваме и со двете подрубрики "Q & A" (Прашања и одговори) и „Појмовник„, чија цел е теориско толкување на одредени прашања поврзани со граѓанскиот сектор, но илустрирани со практични појаснувања.

Во, исто така, редовната рубрика „Интервју„, овој пат на нашите прашања одговара д-р Весна Вељиќ-Стефановска, член на управниот одбот на МИА - Македонската интеретничка асоцијација, а во рубриката „Погледи„, оригинален приод на една интересна тема дава г-ѓа Жанета Трајкоска од Македонскиот институт за медиуми.

Во овој број објавуваме огласи за традиционалните награди на МЦМС - Наградата за одржлив развој „Херт Јан ван Апелдорн„ и Наградата за граѓанско општество и демократија, кои МЦМС ги востанови минатата година.

Во „Форум„-от ве прашуваме: „Дали применуваме новини во методите на работа„? Ве повикуваме на мислања на оваа тема, кои можете да ги дадете преку веб-страниците www.graganskisvet.org.mk  и www.civicworld.org.mk .

Евергрин мислите и досетките на вечно популарниот и вечно актуелниот Душан Радовиќ, кои ги пренесуваме во овој број ќе ве потсетат на некои мали-големи нешта кои животот го прават убав и благороден.

Ве потсетуваме и дека преку „Граѓански свет„ можете да огласувате!

Маријана Иванова

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 13 Февруари 2002
Број 13 Фебруари 2002
Вовед
Календар
Публикации
Тема
Интервју
Погледи
Настани
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA