ГРАЃАНСКИ КОМИТЕТ ЗА РАЗВОЈ - ПРОБИШТИП
Да го намалиме отпадот преку секундарните суровини
Во рамките на проектот "С.О.С. - отпадоците ќе не затрупаат" на невладината организација Граѓански комитет за развој од Пробиштип, ја издаде брошурата "Да го намалиме комуналниот отпад преку искористувања на секунданите суровини". Оваа брошура како дел од проектот можеби ќе придонесе за промена на лошите навики во однос на третманот на комуналниот отпад и искористување на секундарните суровини. Во брошурата се изработени материјали како: Постапување со коуналниот отпад на подрачјето на општина пробиштип, опасности и закани од неадекватно управување со отпад врз животната средина, опасности за закани од комуналниот отпад по човековото здравје, како да придонесеме за намалување на комуналниот отпад и др.
Издавањето на брошурата ја помогнаа Институтот за трајни заедници (ИТЗ) и Американската заедница за меѓународен развој (УСАИД).
|