Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Вовед

   

Ние сме тука

 

Во продолжение на духот на нарушени односи меѓу дел од медиумите и дел од НВО, непосредно по изборите, се поставуваа повеќе прашања. Каде се НВО сега? Дали одеднаш се решија сите проблеми? Дали со заминувањето на старата влада нема веќе да има корупција? Најбрз и најсоодветен демант се активностите на коалицијата “Македонија без корупција” и вториот НВО Саем – Форум на граѓанското општество во Македонија.

 

КоалицијатаМакедонија без корупцијадоговори неколку итни чекори: понуди соработка на новата власт во сузбивање на корупцијата, побара навремен избор на Државната антикорупциска комисија и вклучување претставници од НВО во нејзиниот состав, и изрази волја да врши мониторинг на изборите и именувањата на државни функционери. Покрај медиумските активности, претставници на Коалицијата остварија одвоени средби со г. Никола Поповски, претседател на Собранието, со политички претставници на новите коалициски партнери и со амбасадорите од повеќе земји.

Вториот НВО СаемФорум на граѓанското општество во Македонија, пак, се одржа од 29 октомври до 1 ноември. Во духот на партнерството водечки организатори се четири организации: МЦМС, ФИООМ, ИТЗ и ЦРС. Покрај нив, четиринаесет други организации беа организатори на еден од триесетината панели и средби. Учествуваа водечките граѓански активисти и стручњаци. Покрај нив учествуваа и видни политичари, претприемачи, новинари и секако голем број граѓани. Во изложбениот дел учествуваа 200 организации. Тука како посетители можеа да се видат граѓани од сите профили.

Сета енергија и волја која се мобилизира придонесе повеќе учесници и организатори да го оценат настанот како успешен.

Секако успех претставува самиот настан. Тој е успех со својата отвореност, критичност и способност за расправа за тешки прашања. Сите расправи беа отворени, без ограничувања. Тоа овозможи презентација не само на главните текови, туку и на спротивставените текови. Беше изразена голема критичност и самокритичност. Беа расправани тешки прашања и беа понудени алтернативи на водечките политички текови.

Но, во согласност со моите ставови за резултати, не треба да го цениме само успехот на ниво на организација, туку и успехот во смисла на промени и влијание што ќе треба да го оцениме на следниот, третиот НВО СаемФорум на граѓанското општество во Македонија. Во меѓувреме треба да пронајдеме можности како договорите ќе ги преточиме во акција која ќе резултира со саканите промени.

Овие активности, како и изборните активности на НВО, го издигнаа нивниот профил.

Ние сме тука. Треба да дејствуваме понатаму.

Тука е скриена една опасност наречена нереални очекувања. Проблеми има многу. Повеќето од нив бараат време и бараат справување со причините, а не со последиците. Повеќето од тие проблеми се обврска на другите актери. Затоа да инсистираме на меѓусебни партнерства и партнерство со државниот и со приватниот сектор. Само заедно ќе успееме.

 

Сашо Клековски

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 20 Октомври 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Концепти
Q&A
Појмовник
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
 

©MCMS - designed by KOMA