НАСТАНИ
ДЕМОКРАТИЈА И ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ХУМАНИТАРНА ОРГАНИЗАЦИЈА „СКОПЈАНКАТА МАЈКА ТЕРЕЗА”
Послание „Мајка Тереза”
Хуманитарната организација „Скопјанката Мајка Тереза” додели посланија за хуманост кои го носат името на големата хуманистка од Македонија. Посланието „Мајка Тереза” е доделено на духовниот учител, миротворец и хуманист со индиско потекло, г. Шри Чимној и на скопскиот бизнисмен и добротвор, г. Јорго Ќука. Овие посланија на добитниците се планира да им ги додели претседателот на Македонија, г. Борис Трајковски, на петти септември, кога е годишнина од смртта на Мајка Тереза. Исто така, се планира за време на својот престој во Македонија, г. Шри Чимној да одржи мировен концерт во Скопје. Во рамките на чествувањето на Мајка Тереза, организацијата што го негува нејзиниот спомен ќе ја издаде и првата биографија за скопскиот живот на Гонџа Бојаџиу, од авторот г. Стојан Тренчевски, а како донација на бизнисменот г. Трифун Костовски. Под покровителство на градоначалникот на Скопје, г. Ристо Пенов, беше отворена изложба на фотографии за животот на Мајка Тереза, од нејзиниот фотограф, Јапонецот Оки. М.И.
|