5 јуни СВЕТСКИ ДЕН НА „ЖИВОТНАТА СРЕДИНА: Заштита на нашиот глобален дом
Петти јуни е Ден на животната средина, востановен од ООН, кој се прославува во целиот свет. Традиционално, овој ден го прославуваат и македонските екологисти, како и Министерството за животна средина и просторно планирање. Тоа е ден кога треба да се потсетиме дека нашиот глобален дом се повеќе осиромашува – ги снемува шумите, растителните и животинските видови, водата за пиење и просторот за живеење. Се шират пустините, а атмосферата се прегрева. Наша задача е тоа да го спречиме, заради идните генерации.
|