Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Погледи

   

Погледи

Да бидеме проактивни


Ете, се случи и вториот НВО Саем, овој пат
 во малку изменета форма: еден дополнителен ден и со нагласен форумски дел кој покри низа теми. Дури и името прерасна во НВО Саем – Форум на граѓанското општетсво укажувајќи на важноста на дискусискиот дел.
Кога се донесе одлуката саемот да добие уште еден ден во времетраење, кај мене, како дел од тимот на организатори, се јави дилема дали ќе се успее да се одржи интересот за целото времетраење на настанот. Но, бројката од околу 6000 посетители укажува на големиот интерес како меѓу НВО активистите, така и меѓу граѓаните.

Горливите теми кои го тиштат секторот во форумскиот дел привлекоа 915 заинтересирани, бројка сосема доволна да се обезбедат живи дискусии и дебати, да се изнесат најразлични ставови и видувања за моменталните состојби и низа идеи и предлози како понатаму да продолжиме. Беа начнати поголем број теми, почнувајќи од генералните трендови и предизвици со кои се соочува граѓанското општество, односите со другите сектори: владиниот, бизнис-секторот, медиумите; етичкото однесување и одговорноста во граѓанското општество, имиџот на НВО, правната и фискалната рамка, трендовите и предизвиците во односите со донаторите, до меѓусебната соработка и вмрежувањето. Во дискусиите бевме доволно самокритични, па си ги признавме и сопствените пропусти и грешки и доволно конструктивни за да дадеме низа опции за во иднина. И покрај најразличните видувања и мноштвото разновидни предлози, документираните заклучоци од сесиите укажуваат дека за многу прашања постигнавме заеднички ставови и веќе се насетуваат можните насоки за натамошна акција. И, сега е многу важно да не запреме тука. Не смееме да чекаме да дојде наредниот саем за повторно да се навратиме на овие прашања. Меѓусебната комуникација, дебатата, дискусиите, решавањето на дилемите и проблемите ќе мора да се одвиваат континуирано, и тоа како на генерално ниво (на ниво на целиот граѓански сектор), така и на би, три или мултилатерално ниво. На наредниот саем ќе мораме да ги презентираме и конкретните резултати до кои сме стасале. Доколку ништо не се случува меѓу два саема, тогаш и форумскиот дел на НВО Саемот ќе ја изгуби својата смисла.


Многу од прашањата кои беа отворени, организациите ќе ги допрат независно од што било  или од кои било други организации. Па така тие ќе бидат третирани и индивидуално од организациите преку нивната работа и однесување. Затоа треба да се потрудиме да бидеме проактивни во тој однос. Прв чекор кој можеме да го направиме е да ја тестираме нашата работа во однос на донесените заклучоци од форумските дискусии.

Едно од прашањата што многу се дискутираше во форумскиот дел, на кое му беше посветено посебна сесија и кое провејуваше и низ другите дебати, беше транспарентното и отчетно работење и имиџот на НВО. Изложбениот дел на НВО саемот беше токму прилог кон подобрување на истите. Изложбата на 199-те организации беше место каде граѓанските здруженија и кажаа на јавноста што работат, презентирајќи ги своите програми, проекти, планови, годишни извештаи. Како НВО ќе го градат имиџот ако не преку експонирање пред јавноста на своето работење. Тие мораат да кажат кои се, што работат, зошто го работат тоа. Мораме да сфатиме дека она што ќе го направиме треба и да го документираме и соодветно да и го презентираме на јавноста. Јавноста треба да ги осознае вредностите и визиите кои стојат зад нашето ентизијастичко работење, вредностите, како: да се помогне на другите, да се тежнее кон остварување на мирот и мирното живеење во нашата држава, да се избори соодветното место за граѓанинот во општеството, да се тежнее кон надминување на пороците и кон водење здрав живот, вредности како љубовта, разбирањето, пријателството, итн. Овие вредности ние најчесто ги презентираме исклучиво преку нашата работа, преку она што сме направиле. Треба да се обидеме да ги измениме навиките и да направиме обид во презентирањето на нашето работење да ја дадеме и другата димензија, а тоа е како стигнуваме до посакуваната цел и кои се вредностите што ги почитуваме притоа.
Во однос на идентитетот и имиџот на граѓанското општетсво, овој НВО Саем покажа, или барем направи обид да покаже дека не се само проектите и странските донации она што стои зад граѓанското општество.


Едно чудо организации регистрирани според Законот за здруженија на граѓани ретко кога успеале да добијат средства врз основа на проект од некој донатор, а имаат масовно членство и функционираат само од членарина или пак се група ентузијасти и с$ што работат го прават исклучиво на волонтерска основа. Ќе треба да ги прошириме нашите погледи на граѓанското општетсво и разбирањето дека тоа е сочинето само од еколошки друштва, женски организации, борци за човекови права, мулти-културни здруженија, детски и младински амбасади и парламенти, напротив, тука се и професионалните здруженија, синдикатите, хоби и спортските здруженија.

 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 20 Октомври 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Концепти
Q&A
Појмовник
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
 

©MCMS - designed by KOMA