|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Запишување во регистарот за здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита при Министерството за труд и социјална политика
Се отвораат нови законски можности за граѓаните
Со последните измени на законот за социјална заштита од 2004 година дадена им е можноста на здруженијата на граѓани и на физичките лица да можат да вршат работи од областа на социјалната заштита утврдени со овој закон (чл. 4 од Законот за изменување и дополнување на законот за социјална заштита, бр.65/2004). Во Министерството за труд и социјална политика отпочнат е процесот на впишување на здруженија на граѓани во регистарот коишто ќе се занимаваат со разни аспекти од областа на социјалните работи. Документацијата којашто треба да се достави до Министерството за труд и социјална политика, а која ќе биде разгледувана од посебна комисија што го доделува овој статус е следната:
- Потврда од УЈП за платени даноци и други јавни давачки; - Потврда од Централниот регистар за бонитет на здружението на граѓани - Програма за работа за тековната година (2005); - Краток опис на најмалку три проекти од оваа област коишто ги спроведувала организацијата (за да се докаже најмалку тригодишната работа во оваа област, која е еден од условите за стекнување на овој статус); - Статут на организацијата; - Решение за упис во регистарот на надлежен суд.
Организациите коишто ќе бидат запишани во Регистарот на Министерството за труд и социјална политика ќе можат да бидат корисници на средства за вршење одредени работи од областа на социјалната заштита.
Средствата ќе се доделуваат преку јавен конкурс со доставени пријави од страна на здруженијата на граѓани.
Комисијата за соработка со здруженијата на граѓани ќе ги разгледува само пријавите коишто ги исполнуваат условите согласно со Законот за социјална заштита и Правилникот за начинот и постапката за доделување средства на здруженија на граѓани за вршење одредени работи од областа на социјалната заштита.
При разгледување на пријавите по јавниот конкурс ќе се имаат предвид следните критериуми, кои се утврдени во Правилникот и ќе се бодираат истите:
1. од 1-10 бода - соодветноста на предлогот со барањето од јавниот конкурс; 2. 20-30 бода - капацитетот на предлагачот, искуството во реализација на проекти од ист или сличен вид, соодветноста на лицата кои ќе учествуваат во реализација на проектот по однос на образованието и работното искуство во областа на социјалната заштита, поставеноста на контрола и раководење во имплементацијата на проектот; и, 3. 45-60 бода - поврзаноста на целите на проектот со предложените активности и резултати и јасно утврдени активности и предлогот мерки за одржливоста на проектот.
Комисијата при разгледување на пријавата и при реализација на проектот, заради утврдување на фактичката состојба, може да врши непосреден увид во здружението на граѓани, односно партнерите кои се предложени за реализација на проектот.
Здруженијата на граѓани, односно изведувачите на проектот мора да дозволат неограничен пристап до местото каде се одвиваат активностите на проектот, а нејзината канцеларија, како и сите документи кои се поврзани со реализација на проектот мора да & бидат достапни на Комисијата.
Доколку во текот на реализацијата на проектот се констатира одредено ненаменско трошење на средствата, или со реализацијата се согледува дека нема да се оствари целта, или се констатира дека постои сериозно прекршување на Законот за социјална заштита, со друг закон или пропис, Комисијата дава предлог до министерот за труд и социјална политика за прекинување на постапката за финансирање.
Мирјана Алексовска, Министерство за труд и социјална политика Емина Нурединоска, Македонски центар за меѓународна соработка
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|