Појмовник
Информација Информација претставува секое новостекнато знаење втемелено врз дотогаш непознато искуство и соопштено во соодветна форма - односно со јазични и нејазични системи на значење - како би можело да се разменува во процесот на комуникација меѓу поединците, групите и заедниците. Информацијата соопштена во процесот на информирање, го поврзува човекот со објективната реалност.
Комуникација Комуникација е секоја онаа порака која е предмет на реципрочна размена на информативни содржини меѓу рамноправни субјекти на комуникацискиот чин, и која во процесот на размена помеѓу комуникаторот и реципиентот е изложена на можноста на дијалошка разработка, а тоа значи и на можноста на критичка негација на новостекнатото знаење кое е содржано во неа.
|