ВО ПРИФАТИЛИШТЕТО НА „МЕЃАШИ”
Уште едно новороденче – „бегалче”
Сузана Јовановиќ, бегалка од Арачиново, згрижена во Прифатилиштето на Првата детска амбасада во светот – „Меѓаши” во Скопје, неодамна донесе на свет девојче. Тоа е второто бебе што се роди во прифатилиштето на „Меѓаши” и воедно второ бебе-„бегалче”, односно од родители бегалци од Арачиново. Прифатилиштето за деца во кризна состојба на „Меѓаши” згрижува 15 бегалци од Арачиново, меѓу кои седум деца, вбројувајќи ги и двете бебиња. „Меѓаши” ги информира сите кои сакаат да ги посетат згрижените лица или да им даруваат донација, дека Прифатилиштето се наоѓа во скопската населба „Јане Сандански”, на улицата „Коста Новаковиќ” 22а. Телефони за контакт се 465-316 и 463-900. |