|
ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Мрежа на еколошки НВО од Југоисточна Европа
Движењето на екологистите на Македонија, заедно со уште три невладини организации од регионот – Зелена акција од Хрватска, Млади истражувачи Србије од Југославија и Млади истраживачи Бања Луке од Босна и Херцеговина, ја започна реализацијата на проектот за развој на Мрежа на еколошки невладини организации на Југоисточна Европа – SEEENN .
Општата цел на овој проект е да се создаде платформа за соработка и размена на информации од овој регион, преку зајакнување на јавното учество од еколошки аспект, идните развојни процеси и вмрежувањето на невладините организации. Целта се вклопува во принципите на Регионалната програма за реконструкција на животната средина на Југоисточна Европа (РЕРЕП), а особено на приоритената област – градење на „еколошко” граѓанско општество. Основачката конференција на SEEENN беше одржана во Струга, во рамките на Конференцијата „Одржлив развој на Балканот, минатото лето. Во наредниот период се планираат уште неколку регионални конференции, како и уште неколку други активности: пет изданија на билтен кој ќе информира за активностите на SEEENN, кој ќе се печати на седум јазици што се зборуваат во регионот и на англиски, а ќе се дистрибуира бесплатно до сите заинтересирани, како и неколку тематски работилници за биолошката разновидност, обновата на животната средина, земјоделство и енергија. М.И.
|