МРЕЖА ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ
Координација и соработка меѓу партнерите на Југоисточна Европа
Првиот состанок на партнерите на мрежата за градење капацитети, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) се одржа од 18 до 21 април годинава во Охрид. Мрежата за градење капацитети е една од трите мрежи организирана од Светскиот совет на црквите во рамките на програмата Југоисточно екуменско партнерство (СЕЕЕП).