АПЕЛ НА СРПСКИТЕ НВО

Доста криминал и насилство

Шокирани и длабоко ожалостени од убиството на срспкиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, жртва на политичкото подземје, ја испраќаме следната порака до Владата на Србија: Целосно ги поддржуваме Вашите напори да продолжите по патот кон демократијата и кон европска Србија, ослободена од теророт на блиското минато, од насилството и криминалот. Ја подржуваме Вашата резолуција да се борите со криминалот, да го воспоставите владеењето на правдата и да загарантирате мир, слобода и безбедност во целата наша држава.
Шефовите на криминалните банди и политичките екстремисти сонуваат за враќање на диктатурата. Ним им велиме: повеќемина сме ние, кои знаеме дека демократијата нема алтернатива, и нема да ви дозволиме да не турнете назад во мрак и очајание. Ќе продожиме без колебање по патот на демократијата и реформите во Србија, патот послан и персонифициран од Др. Зоран Ѓинѓиќ.
Доста криминал и насилство!

Жените во црно,
Форум за етнички односи,
Совет на правници за човекови права,
Движење за граѓански отпор,
Хуманитарен правен центар,
Урбан-ин,
Центар за културна деконтаминација,
Цивилни иницијативи,
Здружение на независни електронски медиуми,
Група 484,
Центар за развој на непрофитниот сектор,
Центар за демократски фонд,
Центар за регионализам и дијалог,
Иницијатива Топлица