Движење за човекови права
Почина Питер Бененсон, основач на Амнести интернационал
Питер Бененсон, основачот на светската организација за човекови права Амнести интернационал (Амнестѕ Интернатионал), почина на 25 февруари 2005 година. Бененсон ја основа и инспирира Амнести интернационал во 1961 година како едногодиша кампања за ослободување на шест затвореници на совеста. Од таа кампања произлезе светското движење за човекови права, а во неговите рамки и меѓународната организација - Амнести интернационал, којашто ги презеде случаите на илјадници жртви на нарушување на човековите права, а исто така инспирира и милиони бранители на човековите права во целиот свет. Во текот на својот живот, Бененсон посвои сираци од Шпанската граѓанска војна, врати многу Евреи кои пребегале во Британија од нацистичка Германија, набљудуваше судења како член на Друштвото на трудови адвокати, го помогна основањето на организацијата “Правда” и ја основа Организацијата на луѓето со абдоминална болест. Денес, во 44-тата година од постоењето, Амнести интернационал стана најголемата независна организација за човекови права во светот, со повеќе од 1,8 милиони членови и приврзаници во целиот свет.
Т.Х.
|