историјат на граѓанското општество
 
ЈУБИЛЕЈ: ИКОМОС прослави една деценија

Македонскиот национален комитет на ИКОМОС прослави десет години од своето работење. Пред членовите, на редовната 14-та седница на Собранието на МНК ИКОМОС, која се одржа на 28 февруари годинава, за јубилејот збо­руваше претседателот на Македонскиот национален комитет, д-р Лазар Шуманов, По годишното Собрание, беше одржан и Форум, посветен на Чифте амамот како важен исто­риски споменик за Македонија. Инаку, све­ченост по повод овој значаен јубилеј, маке­донскиот национален комитет на ИКОМОС подготвува за мај годинава, кога ќе се одржи и свечена седница.

Македонскиот национален комите е дел од меѓу­народната невладина организација ИКОМОС, која претставува професионалци кои работат на заштитата и конзервацијата на историските споменици и историските градови и места. ИКОМОС има канцеларии во речиси сите држави во светот. Оваа организација обезбедува постојан форум за професионален дијалог за принципите на заштита, кон­зервација и евалуација на овој специфичен вид културно наследство. Таа претставува рено­миран партнер на многу влади во оваа потесна сфера од областа на културата.

Веб-страната на меѓународниот ИКОМОС е: www.icomos.com. На неа, покрај другото, може да се прочита извештајот “Наледството во ризик 2002-2003”, каде се претставени нацио­налните извештаи, меѓу кои и оној за Маке­донија, кој се однесува на заштитата на културното наследство во услови на локален (не-меѓународен) вооружен конфликт.

М.И.