ПОЛИО ПЛУС ПРЕД ЗГРАДАТА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ И ПРЕД МНТ
Уличен театар - „Која е смислата на животот”
Невладината организација Полио плус – постполио група за поддршка и активирање на лицата со посебни потреби ја продолжи својата кампања за надминување на архитектонските бариери. Овој пат, на 10 мај, во серијата улични претстави што одат под мотото „Која е смислата на животот” Полио плус се најде пред зградата на Архитектонскиот факултете во Скопје, уште еден непристапен објект за лицата со посебни потреби, и пред платото на Македонскиот народен театар (МНТ).
На присутните, пред Архитектонскиот факултет, им се обрати професорот на Правниот факултет, д-р Ѓорѓи Марјановиќ, кој зборуваше за (не)пристапноста на јавните објекти во Македонија и кој ги истакна аномалиите што постојат во овој сегмент од општеството, а кои се однесуваат на законите и на правото на еднаквост на секој граѓанин на Македонија, а со тоа и на лицата со посебни потреби.
Уличниот театар продолжи пред платото на МНТ каде што доброволна бригаде составена до средношколци и студенти кои изучуваат дефектологија „изѕидаа” коса рампа со што станаа пристапни објектите околу МНТ и Комерцијалната банка во Скопје.
„Која е смислата на животот”, преку уличните претстави, има за цел да го поттикне општеството на размислување за тоа дека и лицата со посебни потреби ги имаат истите права на еднаквост и можности и да преземе конкретни акции во врска со тоа.
|