Награда на Глобал девелопмент маркетплејс (Глобал Девелопмент Маркетплаце) за 2006 година
Можност за пријавување на иноваторите на развојот
Програмата Девелопмент маркетплејс (Девелопмент Маркетплаце) на Светската банка, во соработка со Програмата за вода и санитација и со Програмата за помош на управата на енергетскиот сектор, го објавија својот конкурс за предлози за наградата на Глобал девелопмент маркетплејс (Глобал Девелопмент Маркетплаце) за 2006 година, а краен рок за пријавување е 30ноември 2005 година.
На темата “Иновации во услугите поврзани со водоснабдување, санитација и енергија за сиромашните” се очекува да бидат доделени вкупно 4 милиони американски долари за идеи во врска со начините за снабдување со здрава вода за пиење, санитација и енергетски услуги за сиромашните општини во земјите во развој. Максималната награда е 200.000 американски долари. На конкурсот можат да се пријават иноватори на полето на развојот, како на пример, граѓански здруженија, социјални претприемници, приватни фондации, владини агенции, академии, приватниот сектор, но и персоналот од Групацијата на Светската банка и други донаторски организации. Предлозите на еден од следните поднаслови: “Испорака на услуги”; “Животна средина”; “Здравство и природни ресурси”, треба да се достават најдоцна до потенцираниот датум 30 ноември, 2005 година.
Предлозите ќе се прифаќаат преку веб-страницата на Девелопмент маркетплејс: www.developmentmarketplace.org. На страницата исто така можат да се најдат сите појаснувања во врска со конкурсот, интернет-формуларот за предлозите и деталните инструкции. Конечните листи ќе бидат објавени на 15 февруари 2006 година и на форумот Маркетплаце анд Цомпетитион на 8/9 мај 2006 година.
Т.Х.А.
|