Босна и Херцеговина
Едукацијата на Ромите за соработници и новинари
Институтот Медија план, со поддршка на УСАИД и на Советот на министрите, започна со проект за оспособување на Ромите за работа во јавни и приватни радиостаници. Почетната едукација што се одвива во три фази за почетниците од цела БиХ треба да им овозможи основни информации за мас-медиумите и за системот на информирање.
Целта е 10-те учесници на курсот да почувствуваат што е медиум, микрофон, вест, монтажа и да се вклучат во подготвувањето емисии, кои на пошироката јавност ќе & осветлат одредени ромски проблеми, обработени од страна на популацијата што вистински е инволвирана во нив. Резултатите од проектот треба да го зголемат присуството на информации и содржини од ромскиот живот во редовната информативна програма и во другите програми на радиото. Ова им е особено потребно на јавните радиотелевизиски сервиси, кои законски се обврзани да третираат проблеми на националните малцинства и да произведуваат специјализирани програми на ромски јазик, а не се во можност да го прават тоа, заради кадровската неспособност на ромската популација.
Г.Ш.
|