ЕВРОПСКИ ДОКУМЕНТАЦИОНЕН ЦЕНТАР - ЕДЦ

Информации за работата на телата на Европската унија

Европскиот документационен центар - ЕДЦ, кој работи на Економскиот факултет во Скопје, претставува непрофитен и невладин центар за иформации. Центарот е формиран пред неколку години како дел од светската мрежа на Европските центри за информирање.

Улогата на ЕДЦ е да дава информации на јавноста, вклучувајќи ги академските граѓани, владините тела, невладините организации, новинарите, претпријатијата и други. Сите тие можат да го користат сервисот на ЕДЦ секој работен ден, од 7 до 15 часот. Центарот информациите и публикациите ги нуди бесплатно, но тие можат да се искористат и да се прегледаат во просториите на ЕДЦ, односно, публикациите не можат да се изнесуваат надвор од ЕДЦ.

Во моментов ЕДЦ располага со над 1.500 публикации и повеќе други информативни ресурси, изданија на Европската комисија, Советот на Европа, Европскиот парламент и други европски тела и организации.
Во Центарот може да се врши и пребарување на компјутерската база на информации, а располага и со посебна колекција на ЦД-РОМ-ови за работата на телата на Европската унија. Исто така, Центарот остварува и размена на информации со други Европски информативни центри.

Меќу долгорочните зацртани цели на ЕДЦ во Македонија спаѓаат: промоција и транспарентна дисеминација на информации и документација од и за Европската унија; обезбедување информации; поддршка на академските и професионалните истражувања и соработка и размена на информации со други информативни релеи на Европската унија.


М.Иванова