Делчево

Центарот за поддршка на НВО доби нови простории 

На 25 јули во Делчево, Фондацијата Институт отворено општество -Македонија  ги отвори новите простории наменети за Центарот за поддршка на НВО од Делчево, донирани од  страна на општината.   Просторите се наоѓаат во старата  општинска зграда во центарот на градот, а на самото отворање е презентирана и постоечката сцена на  граѓанското општество во делчевскиот регион. Истовремено пред присутните е отворена и изложба на реализирани активности на Центарот за поддршка на НВО и локалните невладини организации.

Корисници на  услугите на Центарот за поддршка на НВО Делчево, кој е еден од осумте центри отворени во социјално и економски неразвиени  подрачја во Македонија, се членовите на НВО и поединци, заедниците коишто имаат корист од повидливо и поквалитетно добивање услуги од НВО, како и општините, кои имаат потреба од зајакната соработка со еден витален актер во граѓанското општество.

Во него, освен постоечката инфраструктура (место за состаноци, опрема за комуникација и обуки, компјутери и др.), функционира и библиотека  со  весници, магазини, книги и професионална литературе, а можат да се добијат и низа потребни информации за обуки, активности на други НВО, како и за отворените можности за финансирање: донатори, конкурси, пријави и др.

Проектот „Центри за поддршка на НВО во социјално и економски неразвиените  подрачја во Македонија” е  финансиран од ЕУ и управуван од Европската  агенција за реконструкција. 

К.Б