Бугарија

Усвоен Закон за анти-дискриминација

Бугарскиот парламент усвои Закон за антидискриминација, којшто ја забранува дискриминацијата на основа на многу нешта, вклучувајќи ја расата, полот, религијата, возраста и сексуалната ориентација.

Законот исто така  ги исполнува и претходните обврски слободно усвоени од бугарската влада во Рамковната програма за подеднаква интеграција на Ромите во бугарското општество. Овој закон го консолидира бугарскиот антидискриминаторски закон, кој беше дел од многубројни домашни правни одредби и во поголемиот дел неефикасен, во еден разбирлив член и со тоа ги зголемува неговите можности за реално и разбирливо стапување во сила во пракса.

Г.Ш.