ПОЛИО ПЛУС

Количката не е само ортопедско помагало

Интер-партиската парламентарна лоби-група за правата на лицата со посебни потреби, ини­цирана од здружението „Полио плус“, на седми јули годинава учествуваше на семи­нарот со наслов „Што е хендикеп?“ во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

На овој семинар зборуваа директорот на болницата, д-р Никола Размоски и прет­седателката на лоби-групата, г-ѓа Лилјана Поповска. Предавањата ги одржа г. Рафаел де Риедматен од Канцеларијата на меѓу­народната организација „Хендикеп интер­нешнал“ за Југоисточна Европа. Тој збо­руваше за основ­ните поими врзани за хендикепот, за исто­ријатот на неговиот третман, низ времето и просторот, со примери на успешна интеграција и прифаќање на лицата со хендикеп од оп­штествените средини во некои држави. Г. Рафаел де Риедматен зборуваше и за основите и насоките на лобирањето како средство за постигнување одредени, политички и други цели.                                                             М.И.