Избор

Светскиот фонд за дива природа алармира Ја јадеме Земјата

Крајно време е да донесеме решенија од животна важност, кои ќе ни овозможат да продолжиме да уживаме во нашиот живот на Земјата. Треба да го спречиме одот кон пропаста. Треба да сфатиме дека со неразумното искористување, на идните поколенија ќе им оставиме една земја на која едвај ќе преживуваат

 
За 50 години планетата ќе колабира, ако сите ги трошиме ресурсите како што го прават тоа Американците и Англичаните. Ако сите луѓе ги користат природните богатства со интензитет како што го прават тоа Јенките и Англичаните, природата ќе колабира за 50 години. Човештвото си ја јаде сопствената земја, алармира Светскиот фонд за дива природа ВВФ (ЊЊФ), во редовниот извештај за состојбата на планетата Земја.

Доколку за задоволување на сопствените потреби сите го следиме темпото со кое развиените нации ја искористуваат Земјата, ќе ни бидат потребни три планети. Потребата на човештвото за ресурси ја надминува способноста на Земјата за самообнова. Богатите Арапи и Американците ја глодаат планетата со најголема настрвеност, притоа конзумирајќи 9,6 глобални хектари по глава на жител.

Глобален хектар е единица мерка, воведена од еколозите, со која се мери пустошењето што го прави секој поединец за една година. Англичаните и Французите на земјата & отвораат рана од 9,6 глобални хектари, Финците 7,6, Чесите 4,9 глобални хектари... „Црвената линија” за самообнова на природата е 1,8 глобални хектари. Светскиот просек во моментот е 2,2 глобални хектари. Шеиците најсериозно ја загрозуваат Земјата со својата лакомост, покажуваат табелите во извештајот. Обединетите Арапски Емирати се на првото место според создадените рани на природата, чие залекување е малку веројатно. На листата на топ 10 влегуваат и Американците, Финците, Канаѓаните, Кувајќаните... Во извештајот се прогнозираат три можни сценарија за иднината. Најочекуваното е тоа никој да не го слуша гласот на разумот и да не се преземат никакви мерки. Во тој случај до 2050 година Земјата ќе личи на пациент во кома, поставен на систем за одржување во живот. Ако уште сега искористувањето на ресурсите се намали на разумно ниво, ќе може да ја одржиме Земјата во сегашната состојба. Со намалување на искористувањето, ќе започне самообновата на почвата и на воздухот.

Најстрашно и целосно неодговорно би било на другите живи суштества да им ги ограничиме правата на користење на земјата, бидејќи по волја на виша сила и тие ги имаат истите права на нејзино искористување. Само за 30 години, од 1970 до 2003 година, изумреа 30 проценти од животните. Во тропските региони процентот на смртност е 55 отсто, пред с$ како последица на приспособувањето на животната средина на потребите на човекот, со што во крајна линија се создава фатална ерозија. Од средината на 20-тиот век за потребите на земјоделството се уништуваат најбогатите зони на дивата природа, најмногу во тропскиот појас.
Животните се во подобра позиција во умерениот појас, каде некои животински видови се спасени од изумирање. Таков е случајот со алпската коза и сивиот волк. Огромното искористување од страна на човештвото го доведува животот пред колапс, се заклучува во извештајот.

„Природата е во најкритична состојба во целата досегашна историја на Земјата. Брзото пустошење на ресурсите & оневозможува на природата да се самообнови”, сметаат авторите од ВВФ, кои објавуваат ваков извештај секои две години. Директорот на кампањата на Фондот, Пол Кинг, предупредува дека ни истекува „сериозниот еколошки кредит”, кој треба да бидеме во состојба да го вратиме.

„Крајно време е да донесеме решенија од животна важност, кои ќе ни овозможат да продолжиме да уживаме во нашиот живот на Земјата. Треба да го спречиме одот кон пропаста. Треба да сфатиме дека со неразумното искористување, на идните поколенија ќе им оставиме една земја на која едвај ќе преживуваат”, вели Кинг. 
                                                                    

 „Стандарт” - Софија, 25 октомври 2006 година