РОМСКИ МЕЃУНАРОДЕН ЦЕНТАР

Стоп на етничките предрасуди!

Ромскиот меѓународен центар во Македонија ја издаде брошурата "Стоп на етничките предрасуди!", како дел од Кампањата за подигнување на свеста на јавноста за искоренување на негативните предрасуди за Ромите.

Проектот е поддржан од Европската комисија, а брошурата издадена во неговите рамки има за цел да ја запознае јавноста со историјатот на Ромите, нивната култура и традиција, и истовремено да делува на јавната свест. Во брошурата се претставени и познати странски и ромски личности, Роми кои оставиле свој белег во политичкиот и општествениот живот во нашата држава и на меѓународен план.