7 до 10 март 
 
„ДАЈА” И „ЕСМА”: Студиска посета на женски НВО од Балканот

Ромската организација на жените во Македонија - „Даја” и ЗЖР „Есма” од седми до десетти март годинава се домаќини на студиската посета на женски НВО од Хрватска, од Црна Гора, од Србија, од Албанија, од Бугарија, од Косово и од Македонија. При оваа посета ќе стане збор за поттикнување на размислувањата за формирање женски ромски НВО во овие земји, како и за создавање мрежа од истите што ќе биде мост за соработка, комуникација, размена на искуства и др.
Информации можете да добиете во седиштето на РОЖМ „Даја” на тел. 031/423-654.