Промоција
“Ајде да бараме повеќе простор за нас младите”
„Ајде да бараме повеќе простор за нас младите” е проект што го промовираа Фондацијата „Марита-Македонија” и Детскиот парламент на Македонија, а е финансиски поддржан од фондацијата „Форум сид”.
Целта на проектот е да се промовира позитивниот имиџ на младите и да се зголеми промоцијата на квалитетни содржини за младите во медиумите.
Стефче Дечев, извршен директор во Фондацијата, вели дека проектот се реализира поради потребата за поголем простор за присутност на младите во медиумите, како и за информирање на јавноста со Националната стратегија за млади. Затоа Фондацијата „Марита-Македонија” ќе ја промовира веб-страницата за млади, која ќе ја креираат млади лица.
Во рамките на проектот ќе се одржи и тренинг-обука со цел да се обучат 30 до 40 млади лица кои ќе работат како новинари, а некои од нив ќе бидат дел и од театарска група. Ќе се организира и награден конкурс за фотострип со наслов „Срце - нека продолжи да чука”.
Проектот „Ајде да бараме повеќе простор за нас младите” ќе започне во октомври и ќе трае до декември. Апликациите за овој проект можат да се најдат на веб-страницата www.marita-mk.org.
Ж.Ѓ.
|
|