Креативна настава и учење

Ученички зимски камп во Охрид

76 средношколци со различно етничко потекло од 15 до 18 јануари 2006 во Охрид учествуваа на зимски камп организиран како дел од проектот „Креативна настава и учење” на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.

Кампот е организиран во соработка со Младинскиот образовен форум, за средношколците кои во текот на учебната година биле дел од програмите „Дебата” и „Учиме право”. Учениците учествуваа на интерактивни работилници за тимска работа, општи дискусии, симу­лации и игри. Тие научија многу нови нешта – каква е постапката на донесување закон како се креира предлог за донесување закон, каков е текот на кривичната постапка преку симулација на судење, кои се елементите на дебата, како се подготвуваат аргументи во дебата и друго.