Србија и Црна Гора

Сервис за културата на малцинските права и меѓуетничката толеранција

Невладините организации СТИНА од Сплит, Иститутот Медија план од Сараево и  Новинарското училиште од Нови Сад кои досега успешно соработувале на многу проекти на граѓанското образование, низ медиумите го покренаа едукативно-информативниот проект “Националните малцинства – мостови на соработка и чинител на стабилизација меѓу државите на поранешна Југославија”. Целта е да се втемели и развие медиумска мрежа за промовирање на улогата на националните малцинства и меѓуетничката толеранција како чинител на соработка и стабилност во земјите од регионот. Пилот-проектот ќе трае шест месеци и вклучува двонеделен електронски билтен. Ќе бидат емитувани и 12 радиоемисии на радиостаниците во Босна и Херце­говина, во Хрватска и во Србија и Црна Гора.                                                                

Г.Ш.