Одржани годинешните Денови на образованието и кариерата
Образованието - влог за иднината
Деновите на образованието и кариерата 2007, под мотото „Образованието - предизвик и можност за секого, влог за иднината”, се одржаа од 19 до 21 април во Скопје. Манифестацијата се организира со цел на едно место да се овозможи систематско информирање на идните академски граѓани за понудите на домашните и странските образовни институции, а со тоа и да им се даде можност полесно да го направат изборот каде ќе го продолжат своето образование. Организатор беше Скопски саем, во соработка и соорганизација со Образовниот информативен центар (ОИЦ). Проектот се организира во соработка со образовни институции од Македонија и од странство, студентски организации и асоцијации, амбасади, културно-информативни центри, и е наменет за средношколци, студенти, постдипломци, универзитетски професори и асистенти, како и истражувачи и научници од Македонија.
На овие денови на образованието и кариерата се одржаа 70 презентации, а учествуваа 72 домашни и странски образовни институции од 11 држави.
Т.Д.
|
|