НАСТАНИ  

РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА


НА ТРИАГОЛНИКОТ НИШ-СКОПЈЕ-СОФИЈА

 Регионален еколошки совет

По иницијатива на Советот на град Ниш, Југославија, во септември годинава  беше потпишана Декларација за формирање Регионален еколошки совет кој ќе работи на креирањето на еколошките стратегии и изработката на Регионалните еколошки акциони планови (РЕАП) на триаголникот Ниш-Скопје-Софија. 
Оваа декларација беше потпишана од скопскиот градоначалник г. Ристо Пенов, нишкиот градоначалник, г. Горан Цириќ, софискиот градоначалник, г. Стеван Софијански и нивните соработници, а од македонска страна и од претставник на Движењето на екологистите на Македонија, г. Љубиша Николиќ. 
Во Регионалниот еколошки совет членуваат и градоначалниците на Врање и Лесковац од Југославија, Куманово и Крива Паланка од Македонија, Перник и Ќустендил од Бугарија, претставник на работното тело кое го работи ЛЕАП (Локален еколошки акционен план на Ниш), претставници на Движењето на екологистите на Македонија од Куманово, Скопје и Крива Паланка и на Природноистражувачкото друштво од Софија.
Оваа иницијатива е поддржана од Институтот East-West, а триаголникот Ниш-Скопје-Софија има перспектива  да прими форма на Еурорегион.

М.И.