РЕЦ

Брошури за Архуската конвенција

Македонската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа од Унгарија, издаде три брошури чија цел е приближување на трите основни делови на Архуската конвенција до пошироката јавност.
Брошурите: „Пристап до правдата”, „Учество на јавноста во процесот на донесување одлуки за животната средина” и „Пристап до информации за животната средина” содржат практични упатства и примери како оваа конвенција може да се примен во наши услови. Брошурите се издадени со финансиска поддршка на холандската организација „Милиеуконтакт Оост-Еуропа”.