ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАѓАНСКО ОПшТЕСТВО

Џепна книга за полицијата

Информативниот цен­тар за граѓанско оп­штество ја про­мо­ви­раше публи­каци­јата на ООН „Ме­ѓу­­на­родни стан­дар­ди за чове­кови пра­ва за спро­ведување на законот“, која прет­ста­вува џепна книга за Поли­цијата. Станува збор за адаптирана верзија на оваа публи­кација на канцеларијата на Високиот комесар за чо­векови права на Обединетите нации, на македонски и албански јазик, наменета пред се на полицијата на Република Македонија.

Таа има за цел да обезбеди достапни и преносливи упатства за поли­цијата, посветена на законско и хумано извршување на ви­талните функции во едно демократско оп­штество. Во неа се содржани значајни стан­дарди и процедури земени од над 30 меѓу­народни извори.

Публикацијата е изготвена во соработка меѓу Информативниот центар за граѓанско оп­штество, Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Република Маке­донија. Таа, преку Министерството за внат­решни работи ќе биде дистрибуирана и достапна до секој вработен во ова мини­стерство идо сите релевантни инсти­туции, организации и поединци, а делови од публи­кацијата ќе бидат објавени и во дневниот печат.