календар
11 октомври: Ден против фашизмот
Фашизмот, за жал, не е мртов. Светскиот ден на антифашизмот има цел да ги зајакне активностите и активистите коишто се борат против ова современо зло, кое има глобални размери.
13-15 октомври: Конференција Живо наследство
Фондацијата Институт отворено општество - Македонија организира меѓународна конференција во Скопје: “Живо наследство – учејќи од иновативните практики во културата и наследството во Југоисточна Европа”.
17 октомври: Борба против сиромаштијата
Намалувањето на сиромаштијата, како еден од најголемите глобални проблеми, е една од милениумските цели. Нејзино преполовување до 2015 – може да се оствари само ако целиот свет се здружи и работи на оваа цел…
20 октомври: Да беа мажите и жените еднакви…
“Сигурност под чии услови? Да беа мажите и жените еднакви” е провокативна тема на семинарот што го организира фондацијата “Квина тил квина” во Стокхолм, Шведска. Тема е подобрување на безбедноста и улогата на жената во мировните процеси.
27 октомври: Трибина: ЕУ фондовите и граѓанските организации во Македонија
МЦМС ќе го промовира прирачникот за граѓански организации: “Пристап до фондовите на ЕУ” и публикацијата на Суад Мисини, “Демистификација на евроинтеграцијата”. Промоцијата ќе биде искористена за дебата за тоа колку и како граѓанските организации пристапуваат до фондовите на ЕУ.
9-10 декември: Саем на единиците на локалната самоуправа
Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) го објави одржувањето на новиот ЗЕЛС - ЕКСПО за 9 и 10 декември. Општините ќе имаат можност да се презентираат пред пошироката јавност на Скопскиот саем.
9 – 11 декември: 5-ти НВО Саем – Форум на граѓанското општество
Од 9 – 11 декември на Скопскиот саем, ќе се одржи 5-от по ред НВО Саем – Форум на граѓанското општество во Македонија. Повикот за пријавување за учество на овој настан за сите заинтересирани граѓански организации ќе биде објавен во дневниот печат.
|