За Велигден нов дел од кампањата Кажи Македонија

Кажи Македонија - Велигден

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), кон крајот на април, реализира нов дел од кампањата Кажи Македонија, по повод одбележувањето на велегденските празници, како и актулната состојба со разговорите за името на Македонија и определеноста за името на нашата татковина Македонија. Кам­па­њата Кажи Македонија - Велигден се состоеше од пе­ча­тење налепници за јајца, сет од 7 налепници и раз­гле­дни­ци, маици, со мотиви од велигденски јајца и слоганот “Кажи Македонија”.

Овие производи на МЦМС мо­жеа да се купат на про­даж­ни­те места на Дневник, Утрин­ски весник и Вест низ целата земја, а средствата добиени по овој пат ќе се употребат за понатамошно финан­си­ра­ње на кампањата “Кажи Ма­ке­донија”. Оние коишто ку­пија разгледници со мотиви од кампањата имаа уникатна можност да им го честитаат Велигден на своите блиски или да ги испратат до инсти­ту­циите за искажување под­дрш­ка на името Македо­ни­ја.

Освен тоа, како дел од кам­пањата, во периодот од 27 до 30 април, на нас­лов­на­та страница на весниците Днев­ник, Утрински веник и Вест, беше објавен истиот мотив со велигденски јајца и слоганот “Честит Велигден - Кажи Македонија”.  

Д.М.